Регион
Милорад Додик: БиХ го достигна својот крај
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/dodik.jpg)
Босна и Херцеговина го достигна својот крај или попрецизно ѝ ставија крај оние што ѝ се заколнаа, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
„Останува само сите да се потрудиме да бидеме добри соседи и да се разделиме во мир“, рече Додик.
Додик за РТС изјави дека ниту една акција на РС нема да биде насочена кон дестабилизација и насилство, но и дека усвојувањето на резолуцијата ќе биде симболичен крај на мултиетничката Босна и Херцеговина.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека во случај на усвојување на резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на Обединетите нации првиот чекор на Бања Лука ќе биде владина седница во Сребреница, од каде што ќе соопшти дека резолуцијата е неприфатлива, неприменлива и ништовна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Бомбашки напад во Црна Гора, убиени двајца припадници на озлогласен мафијашки клан
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/10934717.jpg)
Две лица загинаа, а три се повредени утринава на Цетиње во Црна Гора, откако била активирана експлозивна направа во близина на локалниот спортски центар, соопшти црногорската полиција.
Експлозијата се случила во 9:10 часот, а од силната експлозија испукале стаклата на зградата на Спортскиот центар. Според неофицијалните информации, убиени се припадници на озлогласениот криминален шкаљарски клан Петар Калуѓеровиќ и Драган Рогановиќ. Еден од нив починал на лице место. Според извор од полицијата, вториот подоцна им подлегнал на повредите.
Според црногорскиот медиуми, еден од убиените неодамна излегол од затвор.
Како што пишуваат медиумите, двајца повредени се припадници на организираната криминална група шкаљарски клан.
Третото повредено лице е постара жителка на Цетиње, која во моментот на експлозијата минувала по таа улица. Таа била транспортирана во Клиничкиот центар во Подгорица.
Регион
БиХ: Поради високите температури, работата на отворено е прекината од 12 до 17 часот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/б-2.jpg)
Министерството за труд и социјална политика на Федерацијата Босна и Херцеговина денеска им препорача на работодавците дека поради високата температура на воздухот, да ја разгледаат можноста за прекин на работата на отворено од 12 до 17 часот.
„Доколку работата на работодавецот е организирана така што не може да се примени оваа мерка, се препорачува работниците што работат на отворено да почнат со работа од 6 часот наутро“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува „Срна“.
Во соопштението се посочува дека работодавците треба да им обезбедат на работниците посоодветна облека, приспособена на високата температура, како и користење годишен одмор за вработените со дијагностицирани хронични заболувања.
Регион
Голем пожар во Атика во Грција, зафати куќи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/bfg.jpg)
Во пожарот што избувна денеска на истокот на Атика во градот Коропи, во Грција, изгореа неколку куќи, а пожарот го гаснат десетици пожарникари со помош на два авиона и четири хеликоптери.
Пожарот првин избувнал на паркингот за чамци во градот Коропи, а потоа се проширил, пренесува „Катимерини“.
Според Противпожарната служба, се работи за сериозен пожар додека противпожарната единица прави напори за негово локализирање.