Контакт

Регион

Министерот за одбрана на Србија со најава дека целосно ќе распореди армиски формации по должината на границата со Косово

Објавено пред

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ, изјави дека српската армија до петок ќе остане на највисоко ниво на борбена готовност, а до 14 часот денеска армиските формации целосно ќе бидат распоредени по должината на границата со Косово.

dobivaj vesti na viber

Вучевиќ рече оти суштината е дека српската армија останува на највисоко ниво на борбена готовност, но дека очекува ова прашање да се реши политички, а не со војна.

Тој додаде дека началникот на Генералштабот на војската на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ, е во постојани разговори со КФОР, чија задача е, како што рече Вучевиќ, да ги обезбеди мирот и безбедноста на српскиот народ во Косово.

Пред Општината Звечан во Косово, што ја чуваат кордон војници на КФОР, мирно протестираат српските граѓани на таа општина, јави известувачот на „Анадолија“.

Со граѓаните се и претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, потпретседателот Игор Симиќ и други политички претставници на Србите во Косово. Меѓу граѓаните, според извештаите, се забележуваат и лица со маски на лицето.

Рано утринава дојде до кратки немири кога граѓани со фрлање солзавец се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон. Косовската полиција потоа употреби спреј за да ги спречи демонстрантите да влезат во општинската зграда.

Граѓаните протестираат и пред општинските згради во Зубин Поток и Лепосавиќ.

Новите градоначалници на општините на северот на Косово, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, во петокот со помош на специјалци од косовската полиција влегоа во општинските згради.

Регион

Вучиќ за гласањето на Резолуцијата за Сребреница: Ќе има разочарувачки вести за ставовите на некои земји за кои не очекувавме „да ни забијат нож во грб“

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска најави дека при гласањето на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница ќе има „разочарувачки вести“ во однос на позициите на некои земји.

dobivaj vesti na viber

„Ги добивме податоците, секако дека ќе има разочарувачки вести во однос на ставовите на некои земји за кои не очекувавме „да ни забијат нож во грб“, но очекувавме голем притисок и знаевме дека ќе има промени во ставовите. Цело време молчеа, но застанаа на страната на оние кои се големи и силни“, изјави Вучиќ на новинарите во обраќањето од Њујорк.

Тој изјави и дека верува оти „многумина кои ќе гласаат за Резолуцијата за геноцидот во Сребреница утре ќе кажат дека таа е за доброто на Србија“.

„Ќе ја повторат празната приказна дека не е колективна вина на српскиот народ“, рече претседателот на Србија.

Вучиќ рече дека ќе има „и такви кои ќе го издржат притисокот“.

„Парадоксално е што седницата на Генералното собрание на Обединетите нации ќе ја отворат Германците, повторно ќе ни судат, ќе одговорам и ќе возвратам на секој удар, а ќе имаме доволно пријатели кои ќе се појават во четврток навечер“, изјави Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Силно невреме ја зафати Србија: жена загина во Сомбор

Објавено пред

Силно невреме го погоди Сомбор околу 17 часот, а на социјалните мрежи кружат фотографии од соборени дрвја во овој град.

dobivaj vesti na viber

Исто така, како што соопшти српското МВР, една жена настрадала кога дрво паднало врз автомобилот во кој се наоѓала.

Поројни дождови и град ги погодија и Нови Пазар, Ивањица, Чачак.

Силно невреме денеска околу 15 часот го зафати Нови Пазар и околината, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во неколку населени места, јавува Танјуг.

Силен дожд и град со големина на ореви паѓаа со часови без престан, пренесуваат српските медиуми.

Поради обилните врнежи, на улиците се појавија големи количества вода, што го отежна движењето на автомобилите.

Прикажи повеќе...

Регион

Врани напаѓаат луѓе во Србија

Објавено пред

Најмалку две врани нападнале девојче во Ниш. Бегајќи од птиците паднала во грмушките покрај пешачката патека. Таа врескала и се обидела да се одбрани мавтајќи со хартијата во раката.

dobivaj vesti na viber

Тамошните медиуми пишуваат дека ова не е прв напад на врана во Србија оваа година. Тие пишуваат дека врани нападнале и постар човек додека преминувал на пешачки премин.

Нападите во овој период од годината не се невообичаени бидејќи враните напаѓаат во близина на гнезда, а како што се наведува во видеото кое се шири на социјалните мрежи, една врана испаднала од гнездото и затоа се свртеле кон луѓето.

Според експертите, птиците од семејството на врани (Corvidae) се меѓу најинтелигентните суштества на Земјата. Иако имаат многу помал мозок од мајмуните и делфините, тие поседуваат исклучително високи когнитивни способности. Тестовите покажале дека знаат да решат сложени проблеми во седум или повеќе чекори. Покрај тоа, една студија објавена во 2016 година во списанието „Nature“ покажа дека тие имаат способност наречена теорија на умот. Тоа е способноста да се разбере дека другите суштества имаат ум, кој до неодамна се сметаше за исклучиво човечки потенцијал. Дури и децата под три години немаат целосно развиена теорија на умот.

Ако сакате да избегнете напади на врани во сезоната кога тие се особено возбудени, експертите препорачуваат неколку правила.

„Иако може да изгледа дека врани напаѓаат без причина, тоа не е точно. Напаѓаат само кога имаат добри причини за тоа, а најважни се младенчињата или агресивното однесување кон нив. Треба да знаете дека враните многу добро ги паметат лицата дури и неколку години. Затоа, најдобро е да не ги вознемируваме и да не се однесуваме агресивно, бидејќи агресијата може да се врати со задоцнување.

Враните и нивните потомци од претходните години будно внимаваат на младите кои сè уште не созреале. Затоа, во сезоната од мај до почетокот на јули, најдобро е да се избегнуваат нивните места за гнездење, особено младите.

Враните се исклучително интелигентни и добро ги паметат лицата – со години. Мажот што го доживуваат како агресор ќе биде препознаен по долго време, дури и ако се облекува сосема поинаку. Згора на тоа, бидејќи тие имаат способност да комуницираат и да поучуваат, тие ќе шират информации до другите членови на јатото, врз основа на кои агресорот ќе стане непожелна личност за секого.

Сезоната на зголемена агресивност на врани завршува на почетокот на јули. Враните исто така можат да ги перцепираат децата како натрапници, па родителите треба да бидат особено внимателни. Имено, децата можат да предизвикаат напад на врани со нивното возбудено однесување, трчање и мавтање со рацете“, предупредуваат експертите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Центарот за управување со кризи информира дека заради локалните врнежи на дожд има пријави за поплавувања и штети од град...

Македонија5 часа

Осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо, спроведен во Кривичниот суд: одреден му е притвор од 30 дена

Осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од...

Македонија5 часа

30-дневен притвор за судијата Наќе Георгиев

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија6 часа

Одземање на пасошот и мерки за претпазливост за Иџет Мемети, бара Обвинителството

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот...

Македонија9 часа

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...

Македонија9 часа

Повеќе од 100 отсто зголемен бројот на претставки за дискриминација во 2023 година, Комисијата се жали на ограничен буџет и малкумина вработени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата година добила двојно повеќе претставки во однос на 2022 година. Денес, Комисијата...

Топ10 часа

Загина маж во Кичевско: со возилото излетал од патот

Вчера во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило...

Топ10 часа

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камениот мост – засега не е познат неговиот идентитет

Вчера, околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје. Според изјавите на...

Македонија11 часа

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, Обвинителството отвори истрага и против Мемети, но за него не се бара притвор

Обвинителството отвори истрага за врховниот судија Наќе Георгиев и за членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети, кои се...

Македонија11 часа

МВР утврди неправилности: забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на општина Карпош, поточно пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, без соодветни...

Свет11 часа

Франција го поддржува Хаг во повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека ја поддржува независноста на Меѓународниот кривичен суд и неговата борба против неказнивоста...

Македонија12 часа

Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп

Синоќа, по наредба на судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на членот на Советот на јавните обвинители,...

Свет12 часа

Најмоќната серија земјотреси во последните 40 години: јужна Италија за пет часа регистрира 150 потреси

Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани вчеравечер и утринава на полињата Флегра во близина на Неапол...

Свет14 часа

Едно лице загина во напад со украинско беспилотно летало во регионот на Белгород

Една жена загина, а три лица се повредени во напад со дрон на Вооружените сили на Украина врз автомобил во...

Свет14 часа

Најмалку 10 лица повредени од удар на гром во Дрезден

Најмалку десет лица се повредени, од кои четворица потешко, во удар на гром за време на краткото, но силно невреме...

Свет14 часа

Во Полска уапсени девет лица за акти на саботажа во име на Русија

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека полицијата уапсила девет лица кои извршиле саботажа во Полска за услугите на Русија. „Во...

Македонија1 ден

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп. „Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од...

Свет1 ден

Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми

Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската...

Топ1 ден

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување...

Македонија1 ден

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени...