Регион
Министрите за надворешни работи на Србија и Русија си разменија подароци

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, престојува во официјална посета на Белград, на аеродромот беше пречекан од неговиот српски колега Ивица Дачиќ, по што следуваат средби со државниот врв на Србија.
Непосредно пред излегувањето на рускиот министер Сергеј Лавров од авионот, рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан-Карченко, му врачи микрофон на министерот Ивица Дачиќ како подарок од високиот руски дипломат. На микрофонот има плочка со посвета на која е изгравирано „Ивица Дачиќ“.
По пристигнувањето, Лавров се состана со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа и со Дачиќ, по што шефовите на дипломатијата на Србија и Русија дадоа изјави за медиумите. По давањето изјави, Дачиќ му врачи подарок на својот руски колега.
„Бидејќи мојот колега, брат и пријател Сергеј Лавров е музикален како и јас, подготвив подарок за него“, рече Дачиќ и му ја предаде гитарата на Лавров.
Гитарата беше наменета за 70. роденден на министерот за надворешни работи на Русија, но поради епидемијата на коронавирус, испораката беше одложена сè до денес во Белград.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) „Слободата владее со чаршијата“ – голем протест на српските студенти во Нови Пазар

По Нови Сад, Крагуевац, Ниш и Белград, српските студенти денеска организираат голем протест во Нови Пазар.
Собирот е под мотото „Слободата владее со чаршијата“.
Протестот трае од 11 до 23 часот.
Novi Pazar, sloboda vlada čaršijom❤️🥰🫶
Pazar je svet💥 pic.twitter.com/XfdFvYsRiS— Ferida Čustović (@BgFerida) April 12, 2025
Студентите на Државниот универзитет во Нови Пазар, кои го организираат денешниот собир, ги прочитаа барањата и одржаа 17-минутна тишина поради 16 жртви на надстрешницата во Нов Сад и загинатиот млад човек од Нови Пазар, кој загина пред неколку години кога го удри автомобил, но сите детали за таа несреќа сè уште не се разјаснети.
Novi Pazar ❤️❤️❤️
pic.twitter.com/eyS9tibLUs— ZEKKI🇷🇸 (@ZekiPejic) April 12, 2025
На повик на студентите од Нови пазар, во знак на поддршка се собраа и граѓани во Ниш.
Регион
(Фото) Почна централниот дел од собирот „Не ја даваме Србија“

Во Белград во тек е собирот „Не ја даваме Србија“. Централниот дел почна во 19 часот, а подоцна вечерва ќе се обрати и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој се огласи пред почетокот на централната манифестација на собирот „Не ја даваме Србија“.
– Фала ти, Србијо – напиша Вучиќ покрај фотографијата од насобраните граѓани пред Народното собрание.
На главната сцена пред Домот на народното собрание од 13 часот настапија неколку музички групи и изведувачи. На втората сцена, на плоштадот Никола Пашиќ, настапија културно-уметнички друштва од цела Србија, а на третата сцена, кај црквата Свети Марко, беше организирана програма за деца.
Граѓаните може да посетат штандови каде можат да се зачленат во новото движење и да одберат негово име, да остават писма за претседателот Александар Вучиќ, да добијат информации за поволните станбени кредити за млади. На штандот на Министерството за туризам и млади и Туристичката организација на Србија, можат да добијат информации за ваучери за одмор во Србија.
Поставени се и штандови со послужување за учесниците на собирот, како и штандови каде се изложени рачни изработки на жени од сите краишта на Србија.
Околу Пионирскиот парк се тракторите со кои во ноќта меѓу петокот и саботата пристигнаа земјоделците кои учествуваат на собирот, а на секој трактор е поставена знамето на Србија.
Тродневниот собир „Не ја даваме Србија“ започна вчера со дефиле на знамињата на Србија и локалните самоуправи.
Регион
(Видео) Хаос во Србија: полицијата за раце и нозе влечеше луѓе кои ги блокираа автобусите за митингот на Вучиќ

Посериозен конфликт меѓу полицијата и граѓаните во Нови Пазар се случи откако студентите, според информациите од социјалните мрежи, го блокирале преминот на автобусите со приврзаници на СНС на пат кон митингот во Белград.
Студенти и граѓани седнаа на коловозот во обид да го блокираат минувањето на автобусите, но полицијата, според видеата објавени на социјалните мрежи, насилно интервенирала и почнала да ги отстранува од улицата, пишува Нова.
Насобраните извикуваа: „Срам ви е?“, „Срам да ви е“, додека полицајци, како што може да се види на видео снимките, влечеа некои граѓани за раце и за нозе.
Полицијата ја отстрани толпата од коловозот и дозволи автобусите да поминат.
Додека возилата поминуваа, граѓаните и студентите со негодување и свирежи им викаа „Чаци“.