Регион
Мицотакис ги повика Грците масовно да излезат на изборите

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија, Киријакос Мицотакис, ги повика граѓаните што помасовно да учествуваат на претстојните предвремени избори во земјата.
Како што рече, силниот мандат што Нова демократија сака да го добие може да зависи од неколку гласа, пренесе новинската агенција АНА-МПА.
Мицотакис истакна дека силниот мандат на Нова демократија ќе овозможи формирање влада која ќе има капацитет за спроведување на реформите во Грција.
Предвремените парламентарни избори во Грција, кои се закажани за 7 јули, беа распишани по барање на премиерот Алексис Ципрас бидејќи неговата партија на локалните избори и на изборите за Европскиот парламент освои речиси десет отсто помалку гласови од Нова демократија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.