Регион
Мицотакис: Грција е против испраќање европски или НАТО-сили во Украина

„За Грција не станува збор за испраќање европски или НАТО-сили во Украина“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по конференцијата на европските лидери за Украина, која ја организира францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.
Мицотакис рече дека тоа е ставот на повеќето негови колеги нагласувајќи дека ова прашање ги дезориентира напорите за поддршка на Украина, пренесува „Катимерини“.
Тој додаде дека на средбата биле потврдени единството и решителноста на сојузниците да ја поддржат Украина да се брани од руската инвазија.
По конференцијата, Макрон рече дека нема консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, но нагласи дека „ништо не треба да се исклучува“.
„Во моментот нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме сè за да не победи Русија“, рече Макрон на прес-конференција, пренесе „Ројтерс“.
На самитот во Париз присуствуваа 20-ина европски лидери, а Елисејската палата објави дека целта на средбата е да му се испрати на рускиот претседател Владимир Путин порака дека „Европа е решена да ѝ помогне на Украина и да се спротивстави на наративот на Кремљ“ дека Русија мора да победи војната, која влезе во третата година“, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.
Регион
Албанска министерка го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во ресторан во САД, објавува „Спутник“.
Таа потврди на социјалните мрежи дека го сторила тоа врз основа на пријавата на албански државјанин кој живее во Њујорк, каде што бил во посета нејзиниот заменик Анди Махила. Како што изјави, тој пушел цигара во ресторанот „што предизвикало немир кај присутните“.
Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.
Фото: принтскрин