Контакт

Регион

Маж со српско потекло е три месеци во канџите на Хамас, мајка му не губи надеж: Верувам дека е жив, сакам заедно да дојдеме во Белград

Објавено пред

Помина повеќе од еден месец откако повеќе од 50 заложници киднапирани од Хамас во нападот на 7 октомври беа ослободени за време на прекинот на огнот, но Алон Охел, 22-годишен маж, кој има српско и израелско државјанство, не бил меѓу нив. Неговото семејство сѐ уште не се откажува од потрагата и одбива да размислува за најлошото.

dobivaj vesti na viber

Мајката на Алон, Идит Охел, за „Блиц“ вели дека верува оти син ѝ е жив и открива дека израелската влада и српската амбасада во Израел работат на неговото враќање.

„За жал, не знам ништо за него, ниту каде е ниту дали е жив. Многу ми е тешко, но чувствувам дека е жив и пак ќе го гушнам. Владата на Израел мора да стори повеќе, да бара да се ослободат заложниците, да престане огнот и да престане војната и сите затвореници да дојдат кај своите семејства. Помина предолго од првиот прекин на огнот! Алон Охел, како и сите заробени, е само цивил, обичен граѓанин, кој отишол на забава и бил брутално киднапиран“, вели загрижената Идит Охел за „Блиц“.

Идит пред повеќе од еден месец проговори за агонијата низ која поминува со семејството по киднапирањето. Сега таа вели дека стравува оти светот полека заборава на заложниците киднапирани од Хамас.

„Празници има насекаде во светот. Во Израел нема празници, во воена состојба сме, сите се плашиме. Се плашам дека светот заборави на заробените луѓе што ги киднапира Хамас поради празници, новогодишни и божиќни, и одмори“, вели Идит Охел за „Блиц“.

Регион

Брнабиќ: Јавноста не е свесна за опасноста за животот на Александар Вучиќ

Објавено пред

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, денеска, во интервју за телевизијата „Хепи“ изјави дека „јавноста не е свесна за опасноста за животот на Александар Вучиќ“, пренесува „Нова.рс“.

dobivaj vesti na viber

Нејзината изјава следува по објавувањето на наводната преписка на осомничените членови на нарко-картел во Црна Гора.

Брнабиќ истакна дека „Александар Вучиќ е единствената бариера за таа мафија“.

„Заканата за животот на Александар Вучиќ постои сѐ додека Радоје Звицер е на слобода“, предупреди таа.

Звицер е водач на озлогласениот Kавачки клан.

Тој е поврзан со многубројни убиства, продажба на дрога и други злосторства. Во мај 2020 година Звицер беше застрелан среде бел ден додека џогирал во близина на неговиот стан во Киев. Двајца вооружени напаѓачи испукале десетина истрели, од кои пет го погодиле.

Тој е во бегство од февруари 2021 година кога во Белград беа уапсени членовите на групата на Вељко Беливук. Во септември 2022 година се појави информација дека е убиен во Панама, но подоцна беше демантирана.

Брнабиќ истакна дека Вучиќ „не е само бариера за спречување на организираниот криминал и мафијата да ги заземат Србија и регионот, туку и гаранција за безбедноста“. Како пример таа наведе дека, според податоците на Народната банка на Србија, до 10 јуни во Србија пристигнале „над две милијарди евра приливи на директни странски инвестиции“.

Прикажи повеќе...

Регион

„Фајненшл тајмс“: Србија го добива најголемиот рудник за литиум во Европа

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ се подготвува да ѝ даде зелено светло на британско-австралиската компанија „Рио Тинто“ за развој на најголемиот рудник за литиум во Европа две години откако Белград се откажа од проектот, објави „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

dobivaj vesti na viber

Вучиќ изјави за ФТ дека новите гаранции од глобалниот рударски гигант и од Европската Унија изгледа одговориле на загриженоста на Србија за тоа дали ќе бидат исполнети потребните еколошки стандарди на наоѓалиштето Јадар на западот од земјата.

„Веруваме дека проектот за Јадар има потенцијал да биде средство од светска класа, што може да дејствува како катализатор за развој на синџирот на електрични возила во Србија“, изјавија од компанијата „Рио Тинто“ за „Ројтерс“.

Литиумот, кој се смета за критичен материјал во ЕУ и во САД, се користи во батериите за електрични возила и мобилни уреди.

„Ако исполниме сè, рудникот би можел да биде отворен во 2028 година“, изјави Вучиќ за ФТ додавајќи дека се очекува рудникот да произведува 58.000 тони литиум годишно. „Тоа би било доволно за 17 отсто од производството на електрични возила во Европа, приближно 1,1 милион автомобили“, рече претседателот на Србија.

Во 2022 година Белград ги откажа лиценците за проектот „Јадар“, вреден 2,4 милијарди долари, по големите еколошки протести. Доколку биде завршен, проектот би можел да задоволи 90 отсто од тековните европски потреби за литиум и да помогне компанијата да стане водечки производител на литиум.

Во текот на 2021 и 2022 година српските екологисти собраа 30.000 потписи на петиција, со која се бараше парламентот да усвои закон за запирање на истражувањето на литиум во земјата.

Прикажи повеќе...

Регион

Отровната риба змеј може да се сретне во Грција, Хрватска, Црна Гора и во Албанија, секојпат сценариото е слично

Објавено пред

Рибата драгон, или како што кај нас ја нарекуваат – риба пајак или змеј риба, е една од опасностите заедно со медузите што демнат во морето на неколку локации што традиционално во текот на сезоната ги посетуваат туристи од регионот.

dobivaj vesti na viber

При убодот испушта отров предизвикувајќи силна болка.

Оваа отровна риба може да се сретне на бреговите и островите на Грција, Хрватска, Црна Гора и Албанија, а секојпат сценариото е идентично – убодот се случува во плиткото, каде што практично е невидлива.

Се крие во песок и чакал, долга е 10-ина сантиметри и има остри црни боцки на грбните перки. Поради својот карактеристичен изглед и бои, оваа отровна риба дејствува како камелеон бидејќи совршено се асимилира во својата околина. Она што е важно да се наведе е дека рибата змеј, односно рибата пајак, не е предатор и не напаѓа, туку средбата со отровните боцки се случува кога ќе ја згазнете, а таа инстинктивно ги активира како одбранбен механизам.

Поради оваа причина, капачите се советуваат да бидат внимателни при влегување во водата, особено на плажите на кои и претходно се случувале убоди.

Кога ќе наидете на нејзините боцки, иако болката е интензивна, важно е да останете присебни. Најпрвин, додека убодот е уште свеж, најдобро е стапалото да се натопи во топла вода, односно во вода чија топлина можете да ја издржите. Овој процес се спроведува поради фактот што колку е потопла водата, толку е послаб ефектот на отровот бидејќи тој е термолабилен.

Важно е по овој третман, да добиете прва помош од лекар во форма на инјекција или антибиотици.

По убодот, покрај болка, се јавува и главоболка, чувство на задушување, мачнина, тешко дишење, болка во пределот на срцето, зголемено потење. Исто така, постојат некои индикации дека инфаркт може да се случи кај срцеви пациенти.

Советите на експертите од областа на морската биологија, како и медицинските работници, се кога ќе ве убоде змеј риба, да не го покривате местото, да го виткате со завој или да го затворате болното место.

По лекувањето, според оние што имале средби со оваа риба, болката понекогаш продолжува и во наредните денови.

„Пред неколку години ја згазнав на Олимпик Бич во Грција, многу лошо искуство. Таа испушти многу силен отров што ме остави во несвест. Веднаш по убодот, отидов кај доктор, кој ми даде инекција на местото на убодот, во стапалото“, напиша Србин во група на „Фејсбук“ посветена на Грција.

Уште полошо искуство доживеала жена, чиј син згазнал на риба змеј на Јадранот.

„Мојот син имаше лошо искуство на Јадранот на 15 години. Го убоде додека ја симнуваше од јадицата, не знаеше дека тоа е таа риба… Отокот беше ужасен, болката беше неподнослива, веднаш моравме да одиме на доктор“, пишува таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ33 минути

Приведени криминалци од Прилеп кои со пиштол и’ се заканувале на продавачка, едниот бил бегалец од затвор

Полицијата приведе двајца криминалци од Прилеп, кои претходно денес со пиштол се заканувале на 35-годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Подавам рака на СДСМ за суштинските прашања од важност за Македонија, но тоа не значи амнестирање од одговорноста за криминалите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната свеченост по повод 34 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ насловена „34 години ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија4 часа

„Уште седум нови барања за апанажа – 750.000 евра го чинат народот поранешните функционери на ДПМНЕ, СДС и ДУИ“, велат од партијата Левица

Пред околу две недели собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им одобри апанажа, во траење од една година,...

Македонија4 часа

Филипче од Атина: Преку договорот од Преспа спорот го трансформиравме во соработка

Д-р Венко Филипче, директор на Фондацијата „Едно општество за сите“, денеска имаше обраќање на дводневната меѓународна конференција за мир и...

Култура7 часа

Љутков: Мораме да ја вратиме националната култура и да ги направиме работниците во културата повторно горди на својата професија

„По предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Централниот и Извршниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер...

Македонија7 часа

Миле Јанакиески од денеска на слобода, по шест години излегува од затвор

По шест години во затвор, на слобода излегува Миле Јанакиески. Тој во периодот од 13.11.2018 година до 17.6 2024 неколкупати...

Македонија8 часа

Мисајловски: Силно ќе се заложам за модернизација на Армијата и засилување на борбената готовност

Сакам да се заблагодарам пред сѐ на нашиот македонски народ за огромната поддршка што ни ја даде на изборите за...

Македонија8 часа

Николоски по предложувањето за министер: Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја кренеме и Македонија

Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Христијан Мицкоски за укажаната доверба...

Регион9 часа

За една недела тројца исчезнати туристи пронајдени мртви на грчките острови

За само една недела тројца исчезнати туристи се пронајдени мртви на грчките острови, јавија грчките медиуми. Турист од САД кој...

Македонија9 часа

Мицкоски за предлог-составот за влада: Имаме амбициозен план за реформи и проекти, чија реализација ќе почне од првиот ден

Мандатарот за состав на влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа по седниците на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ...

Свет9 часа

Јенс Столтенберг: НАТО размислува да стави нуклеарно оружје во состојба на готовност

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека имало консултации меѓу членките на Алијансата за отстранување на нуклеарното оружје од...

Македонија19 часа

Тошковски по предлогот да биде министер: Ја прифаќам одлуката која за мене е голема одговорност и обврска кон сите вас

Досегашниот министер за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, е предлогот за истата оваа функција во новата влада. „Вечерва...

Македонија21 час

Мицкоски ги соопшти петнаесетте предлози со имињата на министри во неговата влада

Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во...

Македонија22 часа

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заседаваат за кадровскиот состав од партијата

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска заседаваат за кадровскиот состав од партијата за владата што ќе го предложи мандатарот...

Европа1 ден

Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)

Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова од Швајцарија: Тековната војна во Украина нè засега сите нас

Во обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн...

Европа1 ден

Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во...

Регион1 ден

Црвен аларм за туристите на Јадранот: месојадни црви забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во Италија

Месојадни црви се забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во италијанските региони Сицилија, Калабрија и Апулија. За туристите...

Свет1 ден

Затворениците кои држеа затворски чувари како заложници во градот Ростов се убиени

Руските безбедносни сили влегоа во притворниот центар на југот на Русија и ликвидираа шест затвореници кои ги држеа двајцата затворски...

Свет1 ден

Затворениците вооружени со ножеви во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници

Обвинети во истражниот центар во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници, соопштија денеска руските власти, цитирани од британските...