Регион
Можни се нови тужби за убиството на словачкиот новинар
Уште неколку лица би можеле да биде обвинети за убиството на словачкиот новинар Јана Куцијак и неговата свршеница, изјави јавниот обвинител на Словачка.
Словачкиот суд вчера издаде наредба за притвор до почетокот на судењето за четири лица осомничени за нивното убиство, според државниот обвинител.
Убиството на Куцијак и неговата свршеница, кое се случи во февруари, предизвика протести низ Словачка и ја потресе владата на тогашниот премиер Роберт Фицо.
Како што е соопшти „Ројтерс“, за време на полициската операција што беше спроведена во четвртокот уапсени биле три лица против кои во петокот е покренато обвинение за убиство.
Четвртиот осомничен е жена која беше ставена во притвор во петокот, во одвоена постапка од останатите тројца осомничени, а против неа е покренато обвинение за соучество во убиството, што вклучува помагање, планирање, управување и организирање на убиството, наведува агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на информации од адвокатот на семејството Куцијак.
Властите, како што се наведува, не објавија повеќе информации за осомничените и сé уште не е познато кога ќе почне судењето. Словачкиот обвинител претходно овој месец изјави дека убиството на Куцијак најверојатно било наредено и поврзано со неговата истражувачка работа.
Во неговата последна статија, која беше објавена, се зборуваше за Италијанец кој живее во Словачка и кој во минатото соработувал со двајца Словаци кои подоцна биле вработени во владата на тогашниот премиер Фицо.
По објавувањето, и двајцата Словаци поднесоа оставка, но ја негира поврзаноста со убиството на Куцијак. Нивниот поранешен бизнис-партнер од Италија, исто така, негираше каква било вмешаност во убиството и врски со мафијата, но во март тој беше уапсен и екстрадиран во Италија под сомнение за вмешаност во трговија со дрога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

