Регион
Москва: Неприфатливо е да се прикриваат злосторствата на Косово

Неприфатливо е да се прикриваат најстрашните злосторства на Косово, порача портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа констаира дека истрагите за случаите со киднапирање луѓе за илегална трговоија со органи на Косово не дала резултати.
„Уште во 2017 година во Хаг е основан специјален суд за злостроторства на поранешната Ослободителна војска на Косово вклучувајќи го, меѓу другото, и киднапирањето луѓе за продажба на нивните органи на црниот пазар“, рече Захарова, пренесе „Спутник“.
Според нејзините зборови, импулсот за воспоставување на тој суд бил извештај на Парламентарното собрание на Советот на Европа објавен во 2010 година.
„Не видовме никакви резултати од работата на оваа структура. Уште не е подигнато никакво обвинение. Убедени сме дека е неприфатливо да се прикриваат најстрашните злосторства на Косово. Темата за илегалната трговија со човечки органи треба да стане предмет во целосне интерес на јавноста“, нагласи Захарова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидик

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми.
Сè се случило во градот Сивири на Халкидик, популарно одморалиште кај туристите од регионот.
Таа беше извлечена од морето во средата попладне.
Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар во Касандра, каде што беше констатирана смрт.
Вториот оддел на пристаништето Неа Мудања, при Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, нареди обдукција во Службата за судска медицина во Солун.
Регион
Тело на Србинка извлечено од морето во Грција

Седумдесет и тригодишна Србинка е пронајдена мртва во морето крај брегот на Касандра, Грција, пренесе српски Телеграф.
Таа е пронајдена во несвест во морето крај брегот на Касандра на Халкидики во среда околу пладне и со брза помош е пренесена во Здравствениот центар во Касандра, каде што е констатирана смрт.
Според информациите, истрагата е во тек, а ќе биде извршена и обдукција, јавува грчката агенција АНА.