Регион
Навредливи графити испишани на црквата Христос Спасителот во Приштина
Членовите на Социјалдемократската партија на Косово напишаа навредливи пораки на sидовите и вратите на црквата Христос Спасител во Приштина. Ова следи по вчерашната литургија што се одржа во таа црква.
„Симболот на шовинизмот станува свет со благослов на Албин Курти“, напишано е на вратата и на страната на црквата.
Рашко-призренската Епархија на Српската православна црква објави дека се служела литургија на празникот Вознесение Господово – Денот на Спасителот, за прв пат од 1998 година, во црквата Христос Спасител во центарот на Приштина.
Како што објави епископијата, литургијата ја одржал владиката Теодосије.
Универзитетот во Приштина објави дека ќе ги преземе сите неопходни правни активности со цел универзитетскиот кампус да ги ослободи сите дивоизградени објекти.
'#Jesus hates #Serbs' – told this is freshly sprayed #graffiti on the unfinished #Serbian #Orthodox church in #Pristina following today's liturgy, which I understand was the first since 1998. #Kosovo pic.twitter.com/snFZmZkRIc
— Ian Bancroft (@bancroftian) June 10, 2021
Писателот Јан Банкрофт објави денеска на Твитер дека по литургијата во недовршената црква Христос Спасител во Приштина, се појавил графит на англиски јазик: „Исус ги мрази Србите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Маж влегол во училиште во Белград и се заканувал дека ќе ги убие вработените
Маж кој се претставил како родител на ученик, попладнето влегол во холот на основно училиште во Видиковац, заканувајќи им се на вработените дека ќе ги убие, по што дошла полициска патрола и го однела, пренесуваат медиумите во соседството.
Родителите на учениците од тоа училиште добиле порака на заедничката вибер група од директорката на училиштето.
„Денеска околу 15 часот во училишниот хол влезе маж кој се претстави како родител на наш ученик, но не кажа кој, и се закани дека сите ќе не убие. Училишната полицајка набрзина интервенирала, по што дошла полициска патрола и го однела“, наведува директорката во известувањето до родителите кое било препратено до Н1.
По таа ситуација, таа информира дека утре главниот влез во училиштето ќе биде заклучен и отклучен доколку има потреба.
Според Н1, мажот е приведен во полициската станица, а истрагата е во тек.
Инаку за утре во 18 часот е најавен собир за поддршка на наставниците од училиштето кои ја прекинаа работата, јавува „Данас“.
Регион
Вучиќ: Веднаш да му подигнеме споменик на Трамп ако ја сопре војната во Украина
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Светскиот економски форум во Давос го даде своето мислење за решавање на украинскиот конфликт што го најави новиот американски претседател Доналд Трамп.
„Чекаме да видиме што ќе направи Трамп, утре да зборуваме тука од Давос. Шолц и Макрон се состануваат денеска, ги подготвуваат своите одговори, има многу проблеми и многу непознати во равенката. Доколку Трамп постигне прекин на огнот во Украина, сите треба му подигнеме споменик, ќе ја спаси цела планета. Господ нека ни е на помош“, рече српскиот претседател од Давос.
Вучиќ во Давос изјави и дека Србија е на европскиот пат, но дека треба во голема мера да се сврти и кон Азија, бидејќи од таму најмногу ќе се инвестира во наредниот период.
„Ние сме на европскиот пат и важно е нашата земја да ги забрза реформите, владеењето на правото и други работи, но сите бараат излез од економската ситуација што е можно повеќе во Азија и Африка, особено во Азија, па и ние мора да се свртиме на таа страна“, нагласи Вучиќ.
Регион
Продолжуваат потресите во Грција по силниот земјотрес на Лезбос
Продолжуваат афтершоковите по силниот земјотрес на островот Лезбос со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала.
Според властите на островот, нема повредени. Многу жители ноќта ја минаа надвор, во автомобили и шатори, поради честите последователни потреси. Има срушени ѕидови на згради и паднати карпи на патиштата, кои се затворени. Поради безбедност на пожарникарите, властите забранија спасувачка акција во ноќните часови.
Од рано утрово технички екипи ја проверуваат состојбата на јавните објекти. Училиштата ќе останат затворени додека не се потврди дека се безбедни. Според податоците на опсерваторијата во Атина, земјотресот бил на 5 километри длабоко во морето, веднаш до островот.
Според сеизмолозите, епицентарот е познат и пред четири години е регистриран силен земјотрес.
Жителите на островот се предупредуваат да бидат крајно внимателни и да не стојат во близина на предмети што може да паднат.