Регион
НАТО го предупреди Косово да не формира војска
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја предупреди официјална Приштина дека ќе се соочи со сериозни последици ако продолжи со процесот на трансформација на косовските безбедносни сили во косовска војска.
Според Столтенберг, овој процес се води во многу несоодветен момент и не се испочитувани процедурите. Столтенберг ова го истакнал на крајот од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, на кој се расправало за состојбите на Западен Балкан.
„Тоа оди против советите на многу НАТО-сојузници. И може да има сериозни последици за идните евро-атлантски интеграции на Косово“, предупреди генералниот секретар на алијансата во Брисел.
Косовските власти најавија дека на 14 декември ќе го усвојат законот за трансформација на косовските сили. Во врска со тоа Столтенберг порача дека доколку официјална Приштина продолжи со процесот, тогаш НАТО ќе разгледа ангажирање кон Косово.
Прашан на какви последици се работи, тој рекол дека тоа ќе биде во надлежност на Северноатлантскиот сојуз (највисок орган во НАТО) да заседава и да одлучи за конкретни мерки кон Косово, пренесе РСЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Два трамваи се судрија во Белград, неколку повредени
Вечерва се случи сообраќајна несреќа во Белград.
Околу 18 часот и 30 минути на аголот од булеварот „Крал Александар“ се судриле два трамваи.
Sudar dva tramvaja u Bulevaru izmedju Cvetka i Batutove, sad. pic.twitter.com/nFDoZI0N4P
— Biljana Lukić (@BiljanaLuki) January 31, 2025
На местото на настанот пристигнала брза помош, а како што е соопштено на Инстаграм страната „Ѕвездара вести“ има неколку повредени.
Сообраќајот беше во прекин во правец на центарот на Белград.
View this post on Instagram
Засега не се познати повеќе детали.
Регион
Умерено силен земјотрес во близина на Сплит
Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележа умерено силен земјотрес во Далмација во 5.02 часот.
Епицентарот бил во близина на островот Шолта, 22 километра југозападно од Сплит.
Земјотресот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот од четири до пет степени според ЕМС.
Регион
Серија земјотреси утрово ја погодија Грција, а најсилниот регистриран во близина на Закинтос
Серија земјотреси ја погодија Грција, а најсилниот од сите земјотреси беше со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, кој беше регистриран овој петок, 31 јануари 2025 година, во 8.36 часот, во областа на Јонското Море, во близина на Закинтос.
Неколку минути пред овој земјотрес Грција ја погоди послаб земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала регистриран во 8.28 часот. Пред тоа беше регистриран земјотрес со јачина од 2,1 степена според Рихтеровата скала.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географските координати на географска ширина 37.4804 и географска должина 20.606, пренесуваат медиумите во регионот.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.