Контакт

Регион

Најавен нов, поголем бојкот на продавниците во Хрватска: „Воздржете се од пазарење 7 дена“

Објавено пред

Хрватската потрошувачка платформа „Ало, инспекторе“, која почна бојкот на продавниците, ги повика граѓаните од четврток, седум дена, да не купуваат одредени производи и да бојкотираат одредени трговски синџири.

dobivaj vesti na viber

Се повикуваат граѓаните да не купуваат во три меѓународни трговски синџири – „Лидл“, „Еуроспин“ и ДМ и да не купуваат газирани пијалаци, вода и детергенти во ниедна продавница.

Советникот на платформата, Јосип Келемен, на прес-конференцијата во понеделникот ги повика потрошувачите „да се воздржат од какво било купување“, што вклучува продавници, трансакции со банки, телеком и нарачки преку платформи за испорака. Според „Јутарњи лист“, бојкотот треба да опфати воздржување од прекумерна потрошувачка во кафулињата, рестораните, додека патувате, на бензинските пумпи и во аптеките.

„Мора да испратиме порака до оние што го предизвикуваат ова поскапување. Сакаме да испратиме пораки и до банките. Не одете во банки, избегнувајте доставувачи, и тие се дел од поскапувањето“, рече Келемен.

„Тоа ќе биде бојкот на секој облик на пазарење. Ги повикуваме граѓаните, потрошувачите, да се воздржат од какви било набавки затоа што овој пат гласот на потрошувачите мора да ги вклучи и оние што малку побегнаа во петокот. Треба да се испрати порака и до оние што делумно се причина за поскапувањата и за инфлацијата. Сакаме да испратиме силна порака до банките, кои ги зголемија провизиите минатата година и допрва треба да најавуваат нови зголемувања на провизиите. Сите знаеме дека кај нас нема даноци што дополнително би ги оптоварувале и би ја намалиле сумата што се префрла надвор од Република Хрватска. Сакаме да испратиме порака дека потрошувачите не се согласуваат со тоа. Избегнувајте телекомуникациски услуги, како и луѓе за испорака. И тие се еден од генераторите што ја одржуваа потрошувачката, која ќе беше далеку помала“, рече тој.

Тој ги повика и странските работници и пензионерите да му се приклучат на бојкотот.

„Странските работници не знаеле дека се врши бојкот. Сега ги покануваме да ни се придружат. Апелираме и оние што оделе во ресторани или кафулиња да се воздржат и да не потрошат ниеден цент повеќе на тој ден“, нагласи Келемен.

Платформата „Ало, инспекторе“ повикува и на целосен бојкот на три трговски синџири од четврток наутро до среда, 5 февруари, вечерта.

„Предлагаме една недела да се бојкотираат три трговски синџири, и тоа ‘Лидл’, ‘Евроспин’ и ДМ. Апелираме потрошувачите да не одат во тие трговски центри почнувајќи од четврток, ден пред бојкотот, и следната недела“, рече Келемен.

Тој тврди дека граѓаните истакнале голем број поплаки за овие синџири во свооте извештаи.

Се предлага и бојкот на „кока-кола“ и други газирани пијалаци, вода и детергент за миење садови за една недела, почнувајќи од четврток. Забележано е енормно поскапување на овие артикли, рече тој.

„Ова не е напад на малопродажните синџири, туку на нивните раководства им порачуваме дека крајните цени се превисоки и неодржливи“, рече Келемен.

 

Регион

Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати на медиумите зборувајќи, меѓу другото, и за апсењата за обидот за убиство врз него.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ изјави дека не знае кои се луѓето кои го планирале атентатот врз него и неговото семејство, но дека знае за нивната возраст, додавајќи дека од доказите видел дека станува збор за луѓе кои се спремни од тоа да го тепаат, па до тоа да го убијат неговото дете.

Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за двајцата мажи кои беа уапсени во Краљево под сомнение дека планирале атентат врз него и неговото семејство, рече дека тоа е евидентирано како доказ.

„Она што го добив во материјалот, не знам точно за кои лица станува збор, знам од каде се, ги знам нивните години, па не навлегувам во сè друго. Единственото нешто што успеав да го видам е како треба да го тепаат моето дете до точка на врескање, до точка на колење“, рече Вучиќ.

„Гледам дека има околу 70 луѓе кои се залагаат тие да бидат ослободени. Зборуваме за луѓе кои би колеле нечии деца, тоа го имаме евидентирано како доказ“, рече Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Додик вежбаше во природа, па порача: „Никогаш не сум бил во подобра форма“

Објавено пред

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, објави видео на социјалните мрежи на кое прави чучнувања во природа, што предизвика бројни коментари. Со тоа, тој се придружи на долгата низа политичари кои ги искористија своите физички атрибути и спортски активности за да привлечат внимание од јавноста, пишува N1.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на СНСД на платформата Икс објави видео со пораката: „Никогаш во подобра форма“.

Ова ги натера корисниците на социјалните мрежи да се пошегуваат, а се појавија и коментари дека тој се „подготвува за затвор“ или за Олимписките игри. Објавата на Додик е продолжение на трендот што во светот го популаризираше рускиот претседател Владимир Путин, познат по фотографиите на кои ги покажува своите мускули.

Прикажи повеќе...

Регион

Борисов: Како Радев ќе се натпреварува со мене, врз основа на што?

Објавено пред

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со градоначалници од партијата во Стара Загора упати критики кон поранешниот бугарски претседател Румен Радев, доведувајќи го во прашање неговото политичко позиционирање.

dobivaj vesti na viber

„Ние сме научени да бидеме скромни, но да бидеш скромен не значи да немаш самодоверба. Кој во оваа држава направил помалку од нас? Како ќе излезе Радев да се натпреварува со мене, врз основа на што?“, праша реторички Борисов.

Осврнувајќи се на новогодишното обраќање на претседателот, тој додаде: „На Нова година со задржан здив го слушавме говорот на претседателот. Кога рече олигархија – нека каже која е. Јас тврдам дека во ГЕРБ нема таква“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија2 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ4 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија5 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија5 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија7 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа8 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија8 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија9 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија9 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет9 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет9 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа11 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа11 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа11 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија21 час

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија1 ден

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...