Регион
Најмногу југоносталгичари има во Србија, БиХ и Македонија

Поради распадот на поранешна Југославија најмногу жали населението во Србија и Босна и Херцеговина (БиХ), покажува истражувањето објавено во книгата „Стратегијата на симболична изградба на нациите во државите од југоисточна Европа“, пренесуваат српските медиуми.
Според истражувањето, дури 71 процент од населението во Србија жали за распадот на Југославија, во БиХ процентот е 68 отсто, а во Македонија 45 проценти. За распадот на поранешна заедничка држава најмалку жалат Хрватите, односно 18 проценти, а уште помал е процентот кај населението на Косово.
Истражувањето било направено на 10.500 испитаници од регионот, без Словенија, и опфатило низа показатели за ставовите на луѓето во југоисточна Европа и за нивната поврзаност кон новонастанатите држави, односот кон религијата, националните симболи, минатото, односите со другите народи и прашањето на вината за минатите војни.
Резултатите наведуваат на фактот дека никаде на просторите од поранешна Југославија нацијата не е толку силно формирана како во Хрватска, а истражувањето, пак, кое се однесува на ставовите за војните од деведесетите години од минатиот век, но и државните граници, покажало длабока поделеност помеѓу Србија, Хрватска и БиХ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.