Регион
На две плажи во Бар забрането пливањето: подигнато црвено знаме
На две плажи во Бар е забрането пливање поради лошиот квалитет на водата, соопшти денеска црногорскиот Институт за морска биологија.
Забрането е пливање на плажите „Жукотрлица 01“ и „Жукотрлица 02“ и на нив е истакнато црвено знаме – симбол на забраната за пливање“, јавува РТЦГ.
Податоците за извршените испитувања се доставени до републичкиот инспектор за води, кој ќе преземе понатамошни мерки и дејства од негова надлежност“, се наведува во соопштението.
Од Институтот соопштија и дека во општина Бар морската вода на шест плажи била со одличен квалитет, на пет е добра, а на две со задоволителен квалитет.
Во општина Херцег Нови примерок од вода е земен на вкупно 21 локација, од кои седум се со одличен, осум со добар и шест со задоволителен квалитет.
Во Котор водата е со одличен квалитет на осум локации, на две добра, а на четири задоволителна, соопштуваат надлежните власти.
На подрачјето на општина Тиват водата била со одличен квалитет на осум тестирани локации, а на една локација била со добар квалитет.
Како што е наведено, во Улцињ, од вкупно 18 локации, каде што се спроведува Програмата за мониторинг на санитарен квалитет, морската вода во 17 била со одличен квалитет, а на една локација добра.
Анализите покажале дека морската вода во општина Будва била со одличен квалитет на 29 локации, а со добар квалитет на три локации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Уште една сообраќајна несреќа кај Младеновац: се запали автомобил недалеку од местото на кое утрово се судрија автобус и автомобил
Недалеку од местото на кое утрово се случи несреќата, во која загина Милош Н. (34), по судир меѓу автобус и џип, само неколку часа подоцна се случила уште една сообраќајна незгода.
Според „Нова.рс“, едно возило се запалило и целосно изгорело.
Пожарникарите и полицијата се на терен.
Несреќата се случила во правец од Младеновац кон приклучокот кон автопатот Белград – Ниш.
Регион
15-годишно девојче застрелано на Калемегдан
Околу 8 часот утринава со воздушна пушка е застрелано 15-годишно девојче кај Калемегдан.
Детето било застрелано во бутот кога тргнало на училиште.
Според српските медиуми, девојчето тргнало на училиште, а во првиот момент кога било рането, помислила дека ја удрила топка во ногата. Неколку секунди подоцна забележала крв.
Девојчето е пренесено во Институтот за мајка и дете и чека операција.
Тинејџерката добила прострелна рана во бутот.
Инцидентот бил пријавен во полиција по 8 часот, а истрагата е во тек.
Регион
Два месеца од исчезнувањето на Данка Илиќ – телото сè уште не е пронајдено, таткото на осомничениот за убиството од денес на слобода
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во населбата на Бањско Поле во Бор, а нејзиниот случај не доживеа целосен епилог. Имено, дури и по признанието на двајцата работници на ЈКП „Водовод“ дека девојчето го убиле и го фрлиле телото на блиската депонија, нејзиното тело сè уште не е пронајдено.
Десет дена по интензивното пребарување, работниците на ЈКП за кои постојат сомненија дека го убиле девојчето беа уапсени. Тие се во притвор од 6 април поради опасност од бегство, можноста да влијаат на сведоците и да уништат или отстранат траги од извршениот криминал, како и јавно вознемирување.
И таткото на Д. Д., кој беше во притвор, денес излегува на слобода затоа што за кривичното дело за кое е осуден притворот не може да трае подолго од два месеца. Инаку, тој е осомничен дека му помогнал на својот син да го премести телото на девојчето, а од денес добива шанса да се брани од слобода.
Во понеделникот беше испрашан и директорот на ЈКП „Водовод“, кој поднесе оставка по убиството, како и мештанин од селото Лука.
До Обвинителството сè уште не се доставени докази за трагата на движење на возилата, кои, како што се осомничени, го убиле девојчето и сè уште не пристигнала целосна биолошка експертиза. По пристигнувањето на сите докази, Обвинителството ќе донесе одлука за понатамошниот тек на дејствување, пренесе „Танјуг“.