Регион
На две плажи во Црна Гора лежалките ќе чинат 120 евра

Црна Гора најави дека капалиштата ќе бидат отворени од 18 мај. Туристите ќе имаат многу поголема удобност затоа што плажите нема да бидат пренатрупани бидејќи мора да се почитува задолжителното растојание помеѓу плажниот мобилијар.
Дефинирано е дека на 16 квадратни метри плажа може да бидат поставени само еден чадор и две лежалки.
Она што мачи многу туристи се цените. Но, сè уште нема официјален одговор на тоа прашање.
Во спомен на кралицата Марија Караѓорѓевиќ, која, како што велат, таму го поминувала времето, плажата кај островот Свети Стефан се вика Краличина.
Таа плажа ќе биде особено привлечна за туристите затоа што социјалното растојание е веќе применето таму и удобноста на оваа плажа е навистина на високо ниво. Но, изнајмувањето лежалки и чадори на оваа плажа чини 120 евра.
Во непосредна близина на Краличината плажа, се наоѓа и Краловата. Тоа е релативно мала плажа, долга само 200 метри.
Летната резиденција на кралот Никола, по кого е именувана, се наоѓа во близина на оваа прекрасна плажа.
И овде правилото на физичко дистанцирање важи веќе долго време. Мал број лежалки за плажа е достапен за изнајмување, а цената е речиси иста како и на Краличината плажа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.
Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.