Регион
На Рама и на Харадинај им е необјасниво српското вето за Косово

Албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска во Тирана изјавија дека им е необјасниво зошто Србија го блокира членството на Косово во УНЕСКО.
Според „РТК 2“, Харадинај на заедничката прес-конференција изјави дека Косово ќе биде многу важен член на оваа организација, а Рама рече дека Србија со спротивставувањето повеќе губи од Косово. Рама вети поддршка на Харадинај на евро-атлантскиот пат.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денес престојува во прва посета на Тирана откако ја презеде функцијата, каде што се состана со целиот државен врв, премиерот Еди Рама, претседателот Илир Мета и претседателот на албанскиот парламент.
По состанокот со Харадинај, Рама на заедничката прес-конференција рече дека Албанија е подготвена да го поддржи Косово на својот пат кон ЕУ и НАТО и дека Тирана силно ќе го поддржи дијалогот меѓу Приштина и Белград, извести АТА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.