Регион
На српски jазик Курти им се заблагодари на сите за вербата во подобро Косово
Косовскиот премиер Аљбин Куртије на српски им се заблагодари на сите за, како што рече, „вербата во подобро Косово“ и посочи дека од почетокот на ноември 3.260 сопственици на автомобили ги замениле регистерските таблички со републичките на Косово, како и бројот на барања за биометриски пасоши годинава е за 30 отсто поголем од лани.
„Со оглед на фактот дека над 3.260 сопственици на автомобили од почетокот на ноември ги замениле своите регистарски таблички со оние на Република Косово, забележуваме интерес за интеграција, а разбираме и знаеме дека истото е во интерес на секој граѓанин на Косово, сите заедно“, рече Курти во видеото објавено на социјалната мрежа Х, пренесе Радио Ким.
Курти потсети дека оваа недела беше домаќин на посетата на Парламентарното собрание на Советот на Европа во врска со барањето на Косово за влез во Советот на Европа.
„Знаеме дека членството носи предности, особено за припадниците на немнозинските заедници во однос на пристапот до Судот за човекови права во Стразбур. Затоа, ние сме посветени на апликацијата за членство како најдобар начин да обезбедиме заштита на правата на сите во Косово“, рече Курти.
Тој додаде дека овие посети доаѓаат во време кога граѓаните на Косово го прифаќаат својот европски идентитет не само од аспект на владеење и општество, туку и со шанса физички да се зближат со европските соседи поради визната либерализација.
„Граѓаните на Косово кои сакаат да ги посетат своите семејства и од прва рака да ја видат културата на земјите од шенгенскиот регион, од 1 јануари ќе можат слободно да патуваат без визен режим“, рече Курти и изрази задоволство што „интересот за искористување на оваа можност се протега низ целата држава.”
„Во светло на ваквите неодамнешни настани, им благодарам на сите што покажаа верба во подобро Косово“, рече Курти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Нови инциденти во Црна Гора: колона хрватски навивачи нападната со камења
Хрватската фудбалска репрезентација го одигра својот последен натпревар на гостински терен од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во Црна Гора. Иако натпреварот беше мирен, по завршувањето се случи инцидент, објавува навивачката веб-страница Hooligans.cz.
17.11.2025, After match Montenegro🇲🇪 – Croatia🇭🇷, in Montenegro, a column of Croatian fans was attacked with stones, when the Croats got out of the bus, the attackers fled into the forest, click for more here: https://t.co/y0f98rEfxu
All in one place. Tap to download.
🔗… pic.twitter.com/k8J1v2qAcB— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) November 18, 2025
Најсериозниот инцидент се случил кога навивачите се враќале дома. На патот што тргнувал од Подгорица, група непознати напаѓачи поставиле заседа и каменувале конвој автомобили што ги превезувале хрватските навивачи. Кога патниците излегле од своите возила, напаѓачите избегале во блиската шума. Моментно нема официјални информации за евентуални повредени или материјална штета.
Исто така, имаше напад врз хрватските навивачи, кои влегуваа во Црна Гора, кога група хулигани нападнаа комбе со сплитски регистарски таблички со стапови и камења. И покрај нападот, ниеден од патниците во комбето не беше повреден.
Речиси 600 навивачи на хрватската репрезентација вчера пристигнаа во Подгорица кратко по 15 часот. Снимките покажуваат дека голем број полицајци биле присутни околу стадионот опкружувајќи ги автобусите со хрватски навивачи. Полициската управа претходно објави дека капацитетот е зголемен на максимум и дека специјалните полициски единици се ангажирани и за одржување на јавниот ред и мир.
фото: принтскрин
Регион
Дел од запалениот облакодер „Вјесник“ се користи за сместување архиви
Република Хрватска е косопственик на деловниот комплекс „Вјесник“, делот што се запали синоќа се користи за сместување на архивите, а другиот дел од зградата што Министерството за просторно планирање го користи за работа на службените лица не беше зафатен од пожарот, објави Министерството.
„Пожарот што избувна вчера околу 23 часот во облакодерот ‘Вјесник’ на Славонска авенија во Загреб се прошири вертикално, а огнот се прошири на неколку ката и на покривот поради што голем број пожарникари беа вклучени во неговото гаснење“, соопшти утрово Министерството за просторно планирање, градежништво и државен имот.
Причината за пожарот засега е непозната, а истрагата ќе покаже како почнал. Гасот и електричната енергија се исклучени во зградата за да се спречат поголеми штети. За среќа, нема повредени.
„Министерството ќе ги преземе сите мерки за санирање на штетата и обновување на целиот комплекс што е можно побргу“, се вели во соопштението.
Гаснењето на големиот пожар сè уште е во тек, местото на пожарот се испитува со термална камера, а на местото на настанот пристигнуваат градежни инженери за да ја проценат состојбата на објектот.
Фото: Фејсбук
Регион
Грабеж на блиндирано возило кај Нови Пазар: 2 милиона евра исчезнаа за неколку минути
Во еден од најдрските грабежи во последните години во областа на Нови Пазар, маскирани разбојници вчера вечер пресретнале специјално возило за транспорт на пари и, според првичните проценки, украле околу два милиони евра државни пари, потврдија извори блиски до истрагата.
Грабежот се случил во местото Куќани, на регионален пат, каде што напаѓачите – според првичните информации – ги принудиле возачите да го напуштат блиндираното возило под закана со пиштол, по што избегале.
Кратко потоа, украденото возило е пронајдено запалено во градот Јабланица, што ги наведува истражителите да се сомневаат дека станува збор за добро испланирана и професионално извршена операција, со цел уништување на трагите.
Полициски екипи од Нови Пазар и Рашка се ангажирани на терен, спроведуваат истрага на лице место, го блокираат поширокото подрачје и ги контролираат сите излези од градот. Извори блиски до истрагата наведуваат дека станува збор за организирана криминална група, која имала прецизни информации за движењето на возилото и времето на транспорт. Во моментов нема информации за повредени припадници на обезбедувањето, објавија српските медиуми.
Полицијата почна да ги прегледува безбедносните камери по должината на трасата, а проверува и дали нападот имал внатрешни соучесници. Се очекува српското Министерство за внатрешни работи да одговори со првите официјални информации. Ова е еден од најголемите грабежи во областа Рашка во последните десет години, а јавноста со нетрпение ги очекува резултатите од истрагата.

