Регион
На Хрватска ѝ недостигаат 12.000 медицински сестри и 2.000 доктори

Во Хрватска има 62 болници и повеќето од нив се соочуваат со недостиг на персонал. Во моментот во регистарот на медицински сестри има 40.224 медицински сестри и техничари. Се проценува дека недостигаат речиси уште 12.000 за исполнување на стандардите на ЕУ.
И состојбата со лекарите не е многу подобра. Според податоците на хрватската Лекарска комора, во јавниот систем се вработени 13.613 лекари. Од нив, 13.342 се вработени со полно работно време, а 271 се лекари во пензија, кои работат до четири часа.
Според податоците на Комората, специјалистите одработуваат повеќе од три милиони прекувремени часови годишно, па така е пресметано дека им недостигаат 2.000.
Најголем недостиг има на педијатри, анестезиолози, радиолози, доктори по семејна медицина и гинеколози.
Покрај овие бројки, лоша вест е тоа што во наредните десет години во пензија ќе заминат дури 4.000 доктори, претежно од семејна медицина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.