Регион
„Нема ништо демонско во биометриските документи“, објаснува грчки министер по протестот со библии и икони
На протестот што се одржа вчера во центарот на Атина против новите лични карти приведени се 32 лица.
Со слоганот „нема дигитално електронско ропство, нема идентификација на лицето“ неколку стотици граѓани се собраа на плоштадот Синтагма по што следуваше прошетка низ улиците на Атина.
Демонстрантите држеа икони, Новиот завет, знамиња, транспаренти и крстови, пренесува „Прототема“.
Околу 20 часот полицијата приведе вкупно 32 лица.
Средбата беше организирана со онлајн-покани од луѓе што сметаат дека новите лични карти имаат чип за следење на граѓаните.
На протестите против воведувањето нови лични карти беа приведени 32 лица
Новите лични карти во Грција, кои треба да бидат издадени во септември, ги поттикнаа теориите на заговор на социјалните мрежи, при што многу луѓе веруваат дека ќе имаат чип што ќе го лоцира сопственикот во секое време.
И покрај гаранциите на владата дека новите лични карти нема да имаат систем за локација, скептиците ја гледаат магнетната лента на новите картички како уште еден обид на властите да ги контролираат преку технологија.
Отпорот кон новите документи за идентификација се организира преку социјалните мрежи.
Министерот за заштита на граѓаните, Јанис Оиконому, ги карактеризира како „средство за приспособување на Грција на современиот свет за да можеме безбедно да патуваме и да бидеме компатибилни со нашите обврски во ЕУ“.
Немаат ништо туѓо, антихристијанско или демонско, нагласи Оиконому и додаде дека оние што ги трујат умовите на луѓето треба да знаат дека светот поминал низ просветлување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Храната за бебиња „аптамил АР1“ повлечена од пазарот во Хрватска
Поради зголеменото присуство на бактеријата Bacillus cereus, хрватскиот Државен инспекторат го повлече од пазарот „аптамил АР1“, формула за бебиња, произведена од Nutricia Export BV од Холандија, соопшти Хрватската агенција за земјоделство и храна (HAPIH).
Ова е исклучиво за производот од 400 g (храна за посебни медицински потреби) со рок на траење до 17.5.2026 година и ЛОТ: 111444865. Дистрибутер на производот на хрватскиот пазар е AWT International d.o.o.
Производот не е во согласност со регулативата на Европскиот парламент и на Советот за утврдување на општите принципи и барања на законодавството за храна, основање на Европскиот орган за безбедност на храната и утврдување процедури во прашањата за безбедност на храната и водичот за микробиолошки критериуми за храна, објави 2Индекс.хр“.
Регион
Сараево меѓу најзагадените градови во светот утрово
Сараево утрово се најде на врвот на листата на градови со најголемо загадување на воздухот во светот врз основа на податоците собрани и систематизирани од швајцарската веб-страница IQAir.
Според податоците, квалитетот на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина беше во таканаречената кафеава категорија, што е највисокото можно ниво на предупредување или ознака за воздух опасен за здравјето на луѓето. Индексот на квалитет на воздухот беше 355, а сè над 300 се смета за опасно за здравјето.
Следниот град со најголемо загадување на воздухот во светот беше Лахор во Пакистан со индекс од 271, што спаѓа во категоријата многу нездрав воздух.
Концентрацијата на фини честички прашина во воздухот ПM 2,5, кои продираат длабоко во белите дробови и може трајно да го оштетат здравјето во Сараево, беше 53 пати поголема од годишната референтна вредност дозволена од стандардите на Светската здравствена организација (СЗО).
Сараево е на листата на најзагадени градови во светот од синоќа. Ваквата ситуација е честа појава во зимските месеци, особено во периодите кога има температурна инверзија, па добиената магла го покрива сараевскиот басен, а честичките штетни супстанции се акумулираат под него.
За најголеми загадувачи на воздухот во Сараево се сметаат многуте согорувачки постројки, кои користат цврсти горива, како и густиот градски сообраќај, кој вклучува голем број стари возила. Локалните власти со децении не успеваат да го решат овој проблем, според медиумите во регионот.
Фото: депозитфотос
Регион
Американец загина во Словенија: се искачувал на Триглав
Американски државјанин загина во Словенија, најверојатно откако паднал од планинарска патека на Алпите, соопшти словенечката полиција.
Семејството на 33-годишникот изјави дека тој тргнал на планинарење во понеделник наутро до Триглав, највисокиот врв во Словенија, а потоа исчезнал, објави словенечката новинска агенција СТА.
Неговото тело е пронајдено вчера околу 1 часот наутро на дното од планинарска патека. Полицијата соопшти дека првичните наоди укажуваат дека паднал по стрмна падина.
Идентитетот на починатиот не е објавен.
Словенија е популарна дестинација за планинари и алпинисти поради бројните патеки во Јулиските Алпи.

