Регион
Николиќ: Ако треба и јас и моите синови ќе одиме да војуваме на Косово
Српскиот претседател Томислав Николиќ изјавил дека е подготвен да се повлече од претседателската функција доколку Србија, во случај на убивања на Срби на Косово, „го премолчи тоа“, пренесуваат српските медиуми.
Реакциите на европските претставници на неговите изјави дека Србија е подготвена да испрати војска на Косово, српскиот претседател ги окарактеризирал како „измама“. „ЕУ требаше да реагира кога пругата беше минирана и кога не беше дозволено да помине српскиот воз. Ако Јоханес Хан вели дека јас не гледам иднината и дека иднината на Србија е независно Косово, тогаш нема за што да разговараме. Тогаш тој е измамник и тоа што ЕУ го прави е измама“, потенцирал Николиќ.
На констатациите дека неговите изјави ги вознемириле луѓето, српскиот претседател рекол дека луѓето на Косово се вознемириле кога ги виделе припадниците на специјалните единици на Косово, РОСУ. „Дали тоа е дел од Србија? Да, и тогаш сите сме вознемирени“, навел Николиќ, додавајќи дека „тие не се закануваат со оружје туку отворено кажуваат дека доколку српскиот народ е загрозен на Косово, тој, па и неговите синови, се подготвени да одат и да војуваат“.
Николиќ порачал дека Србија ќе го одбрани Србите на Косово и дека за ова постои целосна согласност на владата и претседателот. „Тоа што реков дека ќе испратиме војска се заклучоци на Советот за национална безбедност“, рекол тој. Запрашан околу тоа дали ова има врска со претстојните претседателски избори во земјата, Николиќ додал дека „не го конструирал тоа бидејќи се уште не е нити кандидат за тие избори“. „За ова говорам како претседател на Србија, а не како кандидат и се грижам за животите на Србите на Косово но и насекаде, и не ми е до рејтингот“, заклучил српскиот претседател./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Дете висеше од жичарата на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат
Вчера, дете падна од жичарата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.
Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичарата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.
Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.
Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.
Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.
Регион
Делегацијата на ЕУ во БиХ ги осуди инцидентите на концертот на Томпсон: „Покажете почит кон жртвите“
Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина ги осуди инцидентите на концертите на Марко Перковиќ Томпсон во Широки Бријег минатата недела, кога дел од публиката извикуваше усташки слогани и поздравуваше со крената десна рака.
„Фотографиите и видеата од неодамнешниот концерт во Широки Бријег ги покажуваат учесниците како извикуваат слогани и нагласуваат карактеристики поврзани со фашистички идеологии. Глорификацијата и релативизацијата на фашистичките идеологии немаат место во демократското општество и нè потсетуваат на најтемните периоди од европската историја“, се вели во соопштението, пренесува „Тпортал.хр“.
Во исто време, ЕУ ги повика сите да покажат почит кон жртвите на злосторствата извршени за време на Втората светска војна, а „надлежните органи да ги истражат инцидентите во согласност со домашното законодавство“, се вели во соопштението.
Извикувањето на усташкиот слоган „Подготвени за дом“ и поздравувањето со крената десна рака на концертите на Томпсон одржани на 13 и 14 февруари во вторник беа осудени од ОБСЕ и мисијата на Обединетите нации во Босна и Херцеговина.
Тие, исто така, ги повикаа властите во БиХ да спроведат истрага и да ги санкционираат сите оние што се однесуваат на овој начин.

