Контакт

Регион

Николиќ во Брисел порача дека секој Србин би војувал за својата земја

Објавено пред

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави во Брисел дека не знае дали воопшти постои еден Србин кој не би војувал за својата земја, доколку постои потреба за тоа, што се толкува како продолжување на неговите воинствени изјави пои пред десетина дена им ги упати на косовските Албанци.

dobivaj vesti na viber

На прашањето на новинарите да ја коментира својата изјава дека е подготвен да замине во војна со своите синови, српскиот претседател Томислав Николич одговори дека „не знае дали постои и еден Србин кој не би заминал во воја, доколку тоа е потребно“.

„Реков да даде Господ да се војува во главата на оној кој сака да војува, но оној кој не мисли да војува за својата земја тој не може да живее ниту во Белгија, Франција, Германија па ниту во Србија“, појасни Николиќ.

Српскиот претседател заедно со премиерот Александар Николиќ учествуваше во дијалогот меѓу Белград и Приштина. Косовските власти ги претставуваат претседателот Хашим Тачи и премиерот Иса Мустафа. Преговорите се водат со посредувањето на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини.

Најавено беше дека по завршувањето на состанокот ќе се одржи заедничка работна вечера на српската и на косовската делегација со учество на Могерини. Шефицата на европската дипломатија разговараше со српската делегација, а потоа ја започна средбата со косовската делегација, по кој треба да се одржи заедничката средба.

На прашањето за подготвеноста да испрати војска во осамостоената поранешна српска јужна покраина, Николиќ појасни дека не рекол дека ќе испрати војска доколку има инциденти, туку дека доколку на Косово почнат да ги убиваат Србите. „Голема е разликата меѓу инцидентите и убивањата“, рече српскиот претседател.

Николиќ вели дека Србија има причина да се сомнева дека во Брисел се води дијалогот на платформите на статусната неутралност на Косово. Ги обвини косовските Албанци дека имаат сé повеќе барања, а дека сé помалку исполнува од она што ќе се договори во дијалогот.

Особено забележува дека поради „големата измама“, којашто се состои во тоа што Косово бара членство во некои меѓународни организации, а дека за тоа не се бара одобрување нито од Европската унија, ниту од Србија.

„Се поставува прашањето за што тогаш ние тука разговараме, доколку им се дозволува да се однесува како независна држава“, вели Николиќ.

Потврди дека во разговорот со Могерини станало збор и за возот, украсен со српски национални и верски симболи, со натписот „Косово е Србија“ на 21 светски јазик, кој тргна од Белград кон Митровица и кој беше вратен назад, без да влезе на територијата на Косово поради заканите со експлозиви и тензична состојба. Во Приштина тоа беше оценето како провокација, а во Белград, пак, за провокација го сметаат упатувањето на специјалните косовски полициски сили на северот за да се спречи влегувањето на возот.

„Тој воз беше симбол дека Косово е дел од Србија. Албанците имаат илјадници симболи дека се независна држава или дека се во составот на Голема Албанија, па никој не ги прозива за тоа“, вели Николиќ./крај/мф/сн

Регион

Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови

Објавено пред

Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.

dobivaj vesti na viber

Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.

Фото: илустрација (ЕПА)

Прикажи повеќе...

Регион

Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро

Објавено пред

Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.

dobivaj vesti na viber

Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.

„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.

Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.

Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.

Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград

Објавено пред

Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.

dobivaj vesti na viber

Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.

Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.

Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Одрони, излевања и поплави на повеќе локации – во Кичево евакуирани 60 луѓе во спортска сала поради поплавени домови

Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и...

Македонија3 часа

Поплавени улици во Битола, мобилизирани јавните претпријатија

По обилните врнежи од дожд што вечерва предизвикаа поплавување на улици низ Битола, екипи на ЈП „Нискоградба“ и други јавни...

Македонија5 часа

Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би...

Македонија12 часа

Мицкоски за бугарската формулација „достапен јазик“ наместо македонски: Не е во прашање само Уставот, туку редефинирање на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, ја коментираше формулацијата „достапен јазик“, наместо македонски јазик, што ја употреби Министерството за...

Македонија13 часа

МВР ќе утврдува зошто новите службени возила биле осветувани со верски обред

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за целосно...

Македонија13 часа

Државниот врв со божиќни честитки: Пораки за мир, семејство и солидарност

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши упатија божиќни честитки до...

Свет17 часа

Трамп: Постигнавме договор за нафтата од Венецуела, ние ќе ги контролираме приходите

Каракас и Вашингтон постигнаа договор за извоз на венецуелска сурова нафта во САД во вредност до две милијарди долари, изјави...

Македонија17 часа

Денеска е Божик – денот на христовото раѓање

Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово –...

Европа1 ден

Коалицијата на волните договори што по мирот во Украина

Триесет и пет земји од таканаречената Коалиција на волните во вторникот ја поддржаа Париската декларација во која се детално опишани...

Свет1 ден

Берни Сандерс: Шест причини зошто нападот на Трамп врз Венецуела е погрешен

Нападот на САД врз Венецуела во текот на викендот предизвика остри осуди од целиот свет, а критики беа упатени и...

Европа1 ден

(Видео) Маж избол до смрт кондуктер во Италија, па избегал со воз: во тек е масовна потрага по Хрват

34-годишниот кондуктер Алесандро Амброзио беше избоден до смрт синоќа на главната железничка станица во Болоња. Полицијата го идентификуваше осомничениот напаѓач...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека...

Македонија1 ден

(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни

„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и...

Европа1 ден

Европа под мраз: Откажани летови, затворени патишта и жртви во сообраќајот

Смрзнувачки временски услови денес зафатија делови од Европа, а снегот и мразот предизвикаа откажување на стотици летови во Холандија, а...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање,...

Македонија1 ден

(Фото) Ѓорѓиевски: Овој свет празник да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Бадник во Соборниот храм, каде во духот на...

Топ1 ден

Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид: во сообраќајната незгода повредени двајца малолетници од Тетово

Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш....

Европа1 ден

(Видео) Барот во Швајцарија никој не го проверувал пет години: прскалките сега се забранети

Ски-барот кој изгоре на новогодишната ноќ не поминал низ безбедносни проверки пет години, открија швајцарските власти на прес-конференција. Во трагедијата...

Македонија2 дена

(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест...

Топ2 дена

Уапсен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“, следува пријава

На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меѓупросторот помеѓу Граничен премин „Хани Елези“ и Граничен...