Регион
Нови детали за исчезнатите во Грција, се огласи семејството
Александар Јоксимовиќ и Снежана Стаменковиќ од Јагодина, кои наводно исчезнале во Грција со своите две мали деца, тргнале кон морето решени да најдат сместување кога ќе пристигнат, според информациите кои се наоѓаат на социјалните мрежи.
Жена, која тврди дека е сестра на исчезнатиот Александар, во еден од коментарите на веста за исчезнувањето напишала дека нејзиниот брат носел сива маица и црни фармерки, додека Снежана била во зелена маица. Како што напиша таа, последен пат се јавиле на 6 август во 22:30 часот од Прешево.

Грчката граница, според објавата, ја поминале на седми август, во 00:30 часот по полноќ.

Во објава на групата се додава и дека постои можност Александар да се презива Јоксимовиќ, а не Јокшиќ како што беше претходно објавено, бидејќи добиле два апели со различни презимиња.
Bračni par nestao u Grčkoj! pic.twitter.com/DK9uQ2HiN5
— Silvana (@Silvana71376830) August 8, 2023
Засега нема други детали каде точно отишле.
Како што пишува на социјалните мрежи, родителите од неделата не можат да стапат во контакт со нив, бидејќи телефоните се исклучени.
Семејството вози црна „опел корса“ со две врати, регистрација ЈА 013 ПЗ.
Од Министерството за надворешни работи на Србија за Телеграф потврдиле дека се уште немаат извештај за наводно исчезнатото семејство.
Веста за исчезнувањето се прошири во групи посветени на вести од Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Во Крагуевац се урна пат
На градилиште во Крагуевац утрово се урнаа потпорни ѕидови и дел од пристапниот пат, а како што се испостави, инвеститорот РП Инвест градел целосно нелегално бидејќи неговото барање за градежна дозвола било одбиено претходниот ден, пишува Нова економија, пренесува Индекс.
Споделените видеа го прикажуваат моментот кога поткопаниот дел од патот, заедно со потпорниот ѕид, се урива кон градилиштето. Точната причина за уривањето сè уште се утврдува. Медиумите претходно објавија дека задолжителната табличка со информации за инвеститорот, изведувачот и бројот на градежната дозвола не била прикажана на градилиштето, што сега е објаснето.
Истрагата за „Нова економија“ откри дека градилиштето ѝ припаѓа на компанијата РП Инвест 1980, која ја изградила зградата без важечка градежна дозвола. Компанијата поднела барање за дозвола пред 11 дена, но според податоците од Централната евиденција за градежни дозволи, тоа било одбиено вчера.
Во образложението на одлуката се споменуваат голем број неправилности. Меѓу другото, е утврдено дека димензиите на подземните катови не се во согласност со Локациските услови и Урбанистичкиот проект.
Дополнително, инвеститорот е предупреден дека темелната плоча и ѕидовите не смеат да ги преминуваат границите на соседните парцели. Исто така, било побарано да се усогласи Спецификацијата на посебните делови поврзани со гаражите и паркинг местата, како и податоците за димензиите на зградата.
Одлуката прецизира: „Локациските услови бараат инвеститорот, по добивањето на локациски услови, да склучи договор за изградба на недостасувачката инфраструктура, како и договор за обезбедување услуги за поврзување со DSEE, и истата мора да биде испорачана. Исто така, во споменатите локациски услови е предвидено инвеститорот да достави договор за изградба на недостасувачката инфраструктура – пат“.
Новинарите на Нова економија се обиделе да добијат коментар од компанијата РП Инвест, но телефонските броеви познати на редакцијата биле исклучени или неважечки. Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавило наводно соопштение од компанијата, чија автентичност не може да се потврди. Во таа изјава, како причина се наведува „дестабилизација на подлогата поради комбинација од временски фактори во претходните денови“.
„Дождот и снегот, иако снегот не се задржаа на површината, придонесоа за постојана влажност на почвата во подлабоките слоеви, што постепено ја намалуваше нејзината стабилност“, се вели во соопштението. Се додава дека поради ова се срушил дел од потпорниот ѕид и дека екипите на РП Инвест се на терен и ја подготвуваат санацијата.
Регион
(Видео) Силна бура и дожд во Грција: улиците под вода, во сила црвено предупредување
Бурата Адел ја зафати Атика носејќи силни бури и повремен град. Одредени делови од регионот беа под вода, а властите апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни, објави „Катимерини“.
Според ажурираниот метеоролошки билтен, речиси цела Грција ќе биде погодена од дожд и бури во текот на денешниот ден, а времето се очекува да се подобри дури од недела.
27.11.2025#Greece
Civil Defense issued a red alert for parts of Western Greece due to storms. A magnitude 112 storm was recorded in Corfu and in Aetolia and Acarnania, causing roads to be flooded and rivers to overflow their banks.@meteohellas pic.twitter.com/KTfXl8eIhX— Climate Review (@ClimateRe50366) November 27, 2025
Најголеми врнежи се предвидуваат за западните и за северните делови на земјата, како и за источниот Егеј, каде што бурите може да бидат придружени со град и многу силни ветрови.
Καλημέρα#Rain #storm #athens pic.twitter.com/AiDXwElNTy
— Dimitrios Karvountzis (@DKarvountzis) November 28, 2025
Цивилната заштита е во целосна готовност.
По состанокот на Комитетот за процена на ризикот, државниот апарат беше активиран во областите во кои се очекуваат најинтензивни катастрофи.
Министерството за климатски кризи и цивилна заштита објави дека мерките со највисоко ниво на подготвеност – црвено предупредување – се воведени за северен Егеј и за Додеканезите.
Според метеоролозите, најкритичниот период ќе биде првите 12 часа од петок – од рано наутро до пладне – додека системите на бури ќе се движат кон Додеканезите во текот на денот.
А Атика може да очекува обилни врнежи од дожд, иако помалку интензивни од најзагрозените области.
Противпожарните служби и цивилната заштита се во целосна готовност за можни интервенции.
Обилни врнежи од дожд и бури се прогнозираат за денес во делови од Халкидик, Серес, Кукуш и Солун до попладне на Јонските Острови и во западен и јужен Пелопонез, како и на Додеканезите во текот на вечерта.
Фото: принтскрин
Регион
Речиси 9.000 Турци ја напуштиле Црна Гора по инцидентот со избодениот Црногорец и воведените визи
Од крајот на октомври, кога владата на Црна Гора привремено воведе визи за државјаните на Турција, земјата ја напуштиле 8.935 Турци, соопшти Министерството за внатрешни работи за „Вјести“. Во истиот период биле поднесени 320 барања за виза, од кои 194 одобрени, 29 одбиени, а 97 се во постапка, според Министерството за надворешни работи.
Одлуката за повторно воведување визи следува по инцидентот во подгоричко Забјело кога беше ранет 25-годишен маж. Иако полицијата првично посочи турски државјанин како осомничен, подоцна се покажа дека напаѓачи биле двајца Азербејџанци.
Воведувањето визи предизвика критики и страв од економски последици бидејќи Турците се меѓу најголемите инвеститори во Црна Гора, а турскиот капитал е присутен во речиси 20 отсто од регистрираните фирми во земјата
Министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ изјави дека визите би можеле да бидат укинати за 10 до 15 дена, но конкретен датум не е наведен.
Експертите предупредуваат дека Црна Гора, за да го усогласи визниот режим со Европската Унија, мора да изработи јасен план и да обезбеди дека либерализацијата нема да доведе до злоупотреби или проблеми со миграциите бидејќи ЕУ бара строги гаранции за заштита на своите надворешни граници.
По воведувањето визи, следуваше серија ксенофобични инциденти во земјата: напади врз турски локали, пожар во објекти, обиди за насилство и организирање народни патроли, кои бараа Турци по населбите. Полицијата уапси повеќе лица за насилство, потпалувања и ширење омраза.

