Регион
Нови политички имиња од Албанија прогласени за непожелни личности во САД
САД продолжуваат со одбивањето да им даваат визи на албански функционери за кои има аргументи дека се корумпирани. Покрај прогласувањето за персона нон грата на сега веќе поранешниот државен јавен обвинител на Албанија, Арбен Лала, персона нон грата е прогласен и пратеникот Том Доши.
Информацијата според албанските медиуми ја потврди и американската амбасада во Тирана. Пратеникот од партиското мнозинство во албанското собрание, социјалдемократот Том Доши, е програсен за непожелна личност во САД, се наведува во соопштението на амбасадата. На сите функционери и носители на високи државни функции нема да им биде дозволен влез во САД, соопшти и амбасадорот на САД во Албанија, Доналд Лу.
Том Доши, кој повеќе години е во политиката и има големо богаството, во медиумите се наведува дека е дел од корумпираните групи во земјата.
Албанските медиуми наведуваат дека Американците вршат силен притисок на органите на власта да се пресметаат со сите личности што се поврзани со корпупција и криминални активности во земјата. Амбасадорот Лу неколкупати изјави дека во Албанија мора да да има пресметка со големите риби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Пет лица се водат како исчезнати по пожар во фабрика за храна во Грција
Пет лица се водат како исчезнати откако избувна пожар во фабрика за храна во близина на градот Трикала во централна Грција, изјави за Ројтерс функционер на противпожарната служба.
Службеникот рече дека 13 лица биле во фабриката кога избувнал пожарот, а осум успеале да избегаат.
Службеникот рече дека причината за пожарот, кој избувнал во раните утрински часови, сè уште не е позната.
Локалните медиуми објавија дека пред пожарот се слушнала голема експлозија.
На местото на настанот биле испратени околу 40 пожарникари и 13 камиони, изјави функционер на противпожарната служба.
Регион
Куче открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра
Со помош на кучето-душкач Мезкал на крајбрежната служба на Грција во камион што со траект од Италија пристигнал на пристаништето во грчкиот град Патра, биле откриени над 44 килограми кокаин и 134 килограми канабис во вредност од 1,7 милиони евра, за што уапсени се две лица.
Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, при контрола извршена од припадници на Регионалната единица за борба против дрога на пристаништето во Патра на товарно возило (со полуприколка) управувано од 49-годишен грчки државјанин и „по индикација од службеното куче за детекција на наркотични супстанции на Крајбрежната стража „Мезкал“, во кабината на возачот беа пронајдени внимателно скриени 20 пластични пакувања со кокаин, со вкупна бруто-тежина од 22,693 килограми“.
При понатамошна контрола, во товарниот простор на полуприколката биле пронајдени 163 пластични пакувања со необработен канабис со вкупна бруто-тежина од 133,669 килограми, како и уште 20 пластични пакувања со кокаин, со вкупна бруто-тежина од 21,942 килограми.
За дрогата бил уапсен возачот на камионот, како и уште едно лице, грчки државјанин кој требало да преземе дел од наведените наркотични супстанции.
Регион
Големиот пожар во Нови Пазар локализиран
Локализиран е пожарот што избувна ноќеска околу два часот по полноќ во Нови Пазар и зафати неколку магацини на текстилна компанија и деловни простории, соопшти попладнево МВР на Србија.
Како што наведува МВР на Србија во соопштение, во пожарот нема повредени, а истрагата е во тек.
Во гаснењето на пожарот учествувале 59 пожарникари-спасувачи со 19 противпожарни возила од Нови Пазар, Тутин, Сјеница, Ивањица, Крагуевац, Чачак, Рашка и Краљево, членови на Доброволното противпожарно друштво на Нови Пазар и Јавното комунално претпријатие во овој град, додека полицајците од Нови Пазар го обезбедувале местото на пожарот.
Командантот на противпожарно-спасувачката единица на Нови Пазар изјави дека станува збор за најголемиот пожар што некогаш го погодил Нови Пазар, а дека материјалната штета е огромна.
На граѓаните во Нови Пазар им се препорачува да бидат внимателни, да го избегнуваат подрачјето зафатено од пожарот и да ги следат официјалните информации. Надлежните служби остануваат на терен додека пожарот не биде целосно изгаснат и ситуацијата не биде прогласена за безбедна.

