Регион
Новозаразeните во Словенија се туристи кои се враќаат од Хрватска, владата ќе им воведе карантин

Од 80 увезени случаи на коронавирус во Словенија, 64 се од Хрватска, соопштија здравствените власти.
Владата им препорачува на своите граѓани што поскоро да се вратат од летниот одмор во соседната земја, а во спротивно ќе одат во карантин.
Конечната одлука за воведување карантин за словенечките туристи кои се враќаат од Хрватска треба да ја донесе владата в четврток, но голема е веројатноста рокот за нивно враќање без да заминат во изолација да истече на полноќ в сабота или в недела, јавуваат словенечките медиуми.
Владиниот портпарол Јелко Кацин предложи во вторникот вечерта Словенците да ги поминат своите лета во Истра, која, според словенечките критериуми, е во „зелената“ зона, за разлика од другите хрватски делови. Тие би можеле да бидат ослободени од карантин.
Во последните 24 часа потврдени се 37 нови случаи во Словенија, што е десет повеќе од претходниот ден, пренесува Хина.
Од почетокот на епидемијата, вкупно 2.493 луѓе се заразени со коронавирусот, а 139 починаа.
Во Словенија моментно има 285 заразени, од кои најмногу во Љубљана – 80.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Се повлекува шеќер од пазарот во Хрватска: може да предизвика здравствени проблеми

Државниот инспекторат на Република Хрватска издаде соопштение за повлекување на палминиот шеќер Thai Dancer (пакување од 200 г, рок на траење: 24.5.2026 година) поради присуство на зголемени количини и необележани сулфити во производот.
Според анализата, производот не е во согласност со Регулативата (ЕЗ) бр. 1333/2008 на Европскиот парламент и Советот за прехранбени адитиви, како и со регулативите за информирање на потрошувачите за храната.
Со ова повлекување се штити здравјето на чувствителните потрошувачи, особено оние со алергии или нетолеранција на сулфати, објавува b92.net.
Регион
(Видео) Крвава матурска вечер во Сараево, навивачи со палки и факели претепаа матуранти

Нови сцени на насилство во Сараево беа снимени синоќа, непосредно пред 20 часот, кога група хулигани нападнаа матуранти кои славеа во хотел.
Во тепачката беа повредени двајца млади мажи, кои беа лекувани во КУМ на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.
Информацијата ја објави порталот Црна-хроника, а еден од актерите на немилиот настан изјави за овој портал:
„Групата дојде да го види пријателот на матурата, а наскоро пристигнаа хулигани со стапови и факели. Ги удрија матурантите по глава, настана паника. Реално, никому не му треба ова на матурска забава“, рече тој.
Сведоците велат дека во физичката пресметка биле употребени дрвени палки и факели. Младите момчиња кои биле нападнати изјавиле дека не ги познаваат луѓето кои ги тепале.
Ова е трета физичка пресметка меѓу млади луѓе во Сараево во последните неколку дена, што дополнително ја вознемирува јавноста и ги загрижува родителите.
„Вчера, 16 мај, во 12:55 часот, полициски службеници од Полициската управа Нови Град го уапсија Д.Е. од Сараево и еден малолетник, за кривично дело тешка телесна повреда, но од претходен период. Двете лица се предадени на понатамошна надлежност на дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на Сараевскиот кантон“, велат од полицијата, пренесува Српска Инфо.
Регион
Маж спречен да ја убие поранешната сопруга и себеси откако детето заминало на екскурзија

Основниот суд на округот Брчко одреди притвор за 52-годишниот Е. С. за продолжено кривично дело семејно насилство и нелегално поседување оружје или експлозиви. Како што утврди Обвинителството, по месеци малтретирање, тој се заканил дека ќе ја убие својата поранешна сопруга.
Основниот суд на округот Брчко му одреди едномесечен притвор на Е. С. од Брчко поради основан страв дека осомничениот, доколку биде ослободен, би можел да го повтори кривичното дело семејно насилство или дека би можел да стори кривично дело обид за убиство, објавува „Avaz.ba“.
„Имено, во периодот од 16 април до 12 мај 2025 година, осомничениот Е. С. физички и психички ја малтретирал својата поранешна сопруга С. С. од Брчко со насилство, дрско и неодговорно однесување, и постојано ѝ се заканувал пред децата, загрозувајќи го нејзиниот живот и здравје. На 12 мај 2025 година, во раните утрински часови, тој дошол во нејзиниот стан и, покажувајќи ѝ пушка скриена во чантата, ѝ се заканил дека ќе ја убие неа и себеси истиот ден. Ова било откако го испратиле своето заедничко дете на екскурзија“, изјавило Обвинителството на округот Брчко.
Кога пристигнале полицајците од полицијата на округот Брчко, постапувајќи по анонимна телефонска пријава, осомничениот Е.С. почнал да бега и фрлил црна спортска торба на јавен простор во кој била пронајдена пушка со скратена цевка и кундак со ознака „M48“, во чиј шаржер имало три куршуми калибар 7,9 мм.
„Вреди да се напомене дека при претресот на станот каде што живее осомничениот, пронајдени се документи чија содржина укажува дека осомничениот, поради проблеми што ги имал со поранешната сопруга, имал намера да ѝ го одземе животот, но и својот“, додаде обвинителството на Брчко.
Во понатамошниот тек на постапката, Обвинителството ќе продолжи интензивно да презема сите законски предвидени истражни мерки и дејствија со цел утврдување на сите важни факти во врска со овој настан и понатамошно кривично гонење на одговорното лице.