Регион
Нормализиран сообраќајот на северот на Косово, премините Јариње и Брњак се отворени
На северот на Косово и Метохија, Србите ги отстранија речиси сите барикади што ги поставија поради апсењето на сонародниците и доаѓањето на косовските специјалци.
Само на новиот мост во северниот дел на Косовска Митровица – на коловозот има два запалени камиони.
Сообраќајот е нормализиран на сите главни патни правци и на административните пунктови Јариње и Брњак.
Отстранувањето на барикадите го поздравуваат КФОР и ЕУЛЕКС.
Претседателот на Србија им посака на Србите во Косово да останат и да преживеат.
За Телевизија Прва, тој рече дека Србија на Косово и Метохија се борела за зачувување на српскиот народ и мир, но дека Приштина сè уште ја испраќа косовската полиција од јужниот во северниот дел на Митровица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Опозициските политичари во Албанија запалија столчиња пред парламентот во знак на протест поради апсењето на нивниот колега
Албанските опозициски политичари запалија куп дрвени столчиња пред Собранието во знак на протест поради апсењето на нивниот колега.
На почетокот на редовната собраниска седница пратениците од опозицијата ги извадија столчињата од собраниската сала и ги запалија на скалите од зградата.
Припадниците на службата за безбедност брзо го изгаснале пожарот.
Апелациониот суд на Албанија во петокот ја потврди пресудата на понискиот суд со која Ервин Салијани, член на опозициската Демократска партија, беше осуден на една година затвор.
Понискиот суд го прогласи Салијани за виновен за „лажна пријава“ против поранешниот министер за внатрешни работи. Салијани ја негираше вината и рече дека судењето е политички мотивирано.
Претходно овој месец, водачот на Демократската партија Сали Бериша, кој е во домашен притвор од декември, беше обвинет за корупција за дејствија што ги презел додека бил премиер од 2005 до 2013 година. Бериша, исто така, ја негира вината.
Демократската партија повика на голем протест во главниот град Тирана на 7 октомври.
Регион
(Видео) Дунав поплави село во Србија: До него се стигнува само со брод
Рибарско викенд село кај Сомбор е поплавено поради покачувањето на нивото на реката Дунав и единствен начин да се стигне до селото е со брод.
Водата ги поплави викендичките до висина на прозорците.
View this post on Instagram
– Во ова викенд одморалиште нема струја и во моментов се стигнува само со брод – пишува во описот на видеото објавено на Инстаграм.
Се наведува и дека ваков вид поплави годинава се случуваат по трет пат и дека мештаните се навикнати секогаш да бидат први на удар.
Регион
Воз прегази малолетник во Загреб
Во понеделникот наутро воз налета на малолетник во околината на Загреб. Според полицијата, околу 8.50 часот тие добиле пријава за настанот, но поради тоа што се работи за малолетник, не соопштуваат повеќе информации.
Како што пренесуваат медиумите, малолетникот починал.
Најверојатно, се работи за несреќен случај, соопшти Јавното обвинителство на Загреб. Според тамошните медиуми, најверојатно се работи за малолетник што тргнал на тренинг.
Поради инцидентот, патничкиот сообраќај според хрватските железници бил во прекин и сообраќајот се одвивал преку помошни транспортни релации.