Регион
Ноќна спасувачка акција на Велебит- планинари без опрема останале заглавени во снегот

Во ноќна спасувачка акција на Велебит се пронајдени двајца планинари кои без соодветна опрема останале заглавени во снегот. Членовите на спасувачките екипи од Задар во саботата околу 21:45 часот добиле повик за двајца планинари кои се заглавени под срт на највисокиот врв на јужниот дел на Велебит.
Двајцата планинари тргнале изутрината да го искачуваат врвот, но без соодветна опрема, при што наишле на заледен и стрмен терен од кој не можеле да слезат. Откако не успеале да најдат начин за да се спуштат, тие побарале помош од спасувачките екипи.
Седуммина спасувачи од Задар вечерта тргнале кон местот од каде што добиле повик за помош. Теренот бил тежок за искачување и спасувачите отежнато се движеле по патеката, која на одредени места била тешко пристапна, но сепак на крај успеале да ги пронајдат двајцата планинари.
Некаде околу 2 часот изутрината започнала акцијата за нивно извлекување. Едниот од планинарите бил во лоша состојба. Околу 5 часот изутрината тие биле донесени до планинарскиот дом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.