Регион
Објавена фотографија од белата „Фиат панда“ со која двајцата осомничени за убиството на Данка го прегазиле девојчето
Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се уапсени под сомнение дека ја убиле Данка Илиќ (2) во Бањско поле. Девојчето, според сомневањата ја удриле со бел автомобил „фиат панда“, а сега се појави и фотографија од тоа возило од камера за видео надзор.
Како што може да се види на фотографијата, таа е направена на 26 март, денот кога исчезна Данка Илиќ, во 13 часот и 35 минути и 35 секунди, објави „Блиц“.
Како што претходно изјави српскиот министер за внатрешни работи, Братислав Гашиќ, мајката Ивана Илиќ со децата дошла во Бањско поле во 13 часот и 10 минути, а децата си играле во дворот, каде ги фотографирала. Во 13:22 часот таа сфатила дека Данка ја нема, па му се јавила на сопругот во 13:41 часот.

„Околу 13 часот и 50 минути мајката барајќи го детето здогледала бел автомобил и маж како стои до него, за што подоцна, при увидот, се испоставило дека е возилото „фиат панда“ во кое се наоѓале осомничените С.Ј. и Д.Д. Според исказот на еден од осомничените, тие биле на работна задача во Бањско поле, каде требало да ја проверат шахтата на улицата Озренска, каде што пристигнале во 13 часот и 20 минути“, изјави Гашиќ.
За потсетување, полицијата во Бор ги уапси вработените во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор, Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот под сомнение дека ја прегазиле малата Данка Илиќ (2), па го закопале телото на депонија.
Обвинителството во Заечар соопшти дека Јанковиќ и Драгијевиќ се приведени, како и дека се собираат докази за кривична постапка.
Министерот рече дека со сите можни служби и средства пет пати е претресен целиот простор.
По телото на девојчето се’ уште се трага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Ова ќе биде клучна и една од најтешките години во светот
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека утре ќе бидат потпишани 10 договори за соработка меѓу Србија и Казахстан и истакна дека ова е создавање темел врз кој ќе се изгради голема куќа на пријателство што е од интерес за двете земји.
– Разговаравме за геополитичката ситуација. Имаме речиси 100% согласност во оценките. Можам да зборувам за моите предвидувања. Можaм да прoмашам за неколку дена, но во суштина не. Очекувам наскоро да започне голем конфликт, сите знаете на кој мислам, и очекувам конфликтот во Украина да не заврши, мислам дека ќе продолжи долго време. Би сакал да грешам, би бил повеќе од среќен да излезам и да кажам дека моите проценки беа погрешни, но се плашам дека ќе бидам во право. Полека, сите влегуваат во ќорсокак, а кога сте во ќорсокак, се движите само кон потешки решенија и поголеми проблеми. Ова ќе биде клучна година и една од најтешките години во светот. Не би ја исклучил можноста за употреба на неконвенционално оружје во текот на оваа година – изјави Вучиќ, пренесуваат медиумите во регионот.
Регион
Вучевиќ: Верувам во силата на Дачиќ да се избори, и во нашите лекари
Лидерот на СНС и советник на претседателот на Србија, Милош Вучевиќ, денес изјави дека е неблагодарно да се зборува за идната здравствена состојба на претседателот на СПС и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, и дека тој верува во неговата сила да се избори.
„Неблагодарно е да се зборува. Не можам да кажам ништо друго освен она што го кажаа лекарите, семејството, а ми се чини од разговорот со колегите од СПС, дека е за нијанса подобро од синоќа, но сепак е предизвикувачко“, рече Вучевиќ во гостувањето во емисијата „Фокус“ на Б92.
Тој додаде дека верува во силата на Дачиќ да се бори, во нивните лекари и дека се моли на Бога да му даде на Дачиќ доволно сила да се извлече од сето ова.
Вучевиќ истакна дека настинките не треба да се потценуваат и дека секој треба да слуша што велат луѓето кои се експерти за тоа.
„Ивица Дачиќ има уште едно прашање, тоа е прашањето за дијабетесот, стресот, политиката, сè што ни се случува. Невозможно е да нема последици. Имавме многу предизвици. Минатата година имавме предизвици со Дарко Глишиќ. Овој повик беше направен со голем притисок“, рече Вучевиќ.
Дачиќ беше примен на Клиниката за пулмологија вчера попладне со пневмонија.
Регион
„Следната земја-членка на ЕУ“ – Црна Гора брендираше авион со европската амбиција за членство до 2028 година
Црногорската влада, која планира до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската унија, претстави авион на националниот превозник „Ер Монтенегро“ со слоганот „28by28 – The next EU member“. (следна земја-членка на ЕУ).
Од Министерството за европски прашања соопштија дека целта на кампањата е да се испрати порака до меѓународната јавност дека Црна Гора до 2028 година ќе стане 28-ма членка на ЕУ.
Премиерот Милојко Спајиќ при претставувањето на авионот во Подгорица изјави дека пораката претставува „стратешка изјава на државата“, додавајќи дека Црна Гора нуди стабилност и нова енергија за Европа.
Министерката за европски прашања Маида Горчевиќ оцени дека членството во ЕУ е амбициозна, но остварлива цел и повика сите институции и општествени чинители да ја пренесат пораката „28 до 2028“.
Властите претходно најавија дека имаат намера до крајот на годината да ги затворат сите преговарачки поглавја, со цел членство до 2028 година.

