Регион
Објавен нон-пејперот што го потресе регионот: предлози за нови граници на Балканот
Словенечкиот портал „Нецензурирано“ го објави нон-пејперот, односно неофицијалниот дипломатски документ за новите поделби на територијата на поранешна Југославија.
Документот, кој крена прашина во регионот во последните денови, зборува за идеи за распарчување на Босна и Херцеговина, присоединување на Република Српска кон Србија и обединување на Косово со Албанија, а се шпекулира дека словенечкиот премиер Јанез Јанша го испратил нон-пејперот до Брисел.
Никој официјално не потврди дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, добил документ со таква содржина од Словенија. Но, неофицијален дипломатски документ, кој предвидува распад на Босна и Херцеговина, присоединување на Република Српска кон Србија и обединување на Косово со Албанија, кон која е додаден и дел од Северна Македонија, всушност постои, пишува „Нецензурирано“.

Во документот во воведот се споменуваат нерешените национални прашања на Србите, Албанците и Хрватите што се појавија по распадот на Југославија. Авторите на документот посочуваат дека и по воспоставувањето на мирот по завршувањето на војните, ветените европски перспективи и напредокот на Северна Македонија и Црна Гора во оваа насока во регионот, клучните прашања остануваат нерешени.
Според информациите на словенечкиот портал, документот со наслов „Западен Балкан – патот напред“ бил примен од кабинетот на Шарл Мишел во февруари.
Кој го напишал не може официјално да се знае. Според словенечките новинари, тоа сигурно не било напишано во словенечкото Министерство за надворешни работи.
Според некои информации, дел од неговата содржина може да биде напишана во Будимпешта. Меѓутоа, во дипломатските кругови во Брисел тој се нарекува словенечки документ бидејќи кабинетот на Јанша наводно учествувал во испраќањето на разни адреси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

