Регион
Ограбен автомобил на туристи во Италија: бил паркиран пред камери, но крадците ги украле и пелените
Автомобилите на српските туристи летово беа цел на крадци во Грција, но слични проблеми имаа и во Италија, пишуваат српските медиуми.
Во Помпеја среде бел ден бил ограбен автомобил на српски туристи. Застанале да посетат археолошки локалитет. Кога се вратиле од прошетката, наишле на страшна глетка.
„Во автомобилот не остана ништо. Паркиравме на прометна улица, под пет камери и сето тоа не ги спречи крадците да го скршат стаклото и да извадат апсолутно сè од автомобилот. Тие ги срушија задните седишта и извадија три големи куфери, пренослив фрижидер, ранец, верувале или не, ги украдоа и пелените за бебето, кашата за бебето, како и играчки. Сето тоа беше спакувано да не се гледа ништо однадвор“, вели Милан Р.
Нивниот автомобил бил ограбен на 200 метри од влезот на археолошкиот локалитет, а соговорникот вели дека имало очевидци, но никој не сакал да реагира или да сведочи.
„Сакам да го искористам овој начин да апелирам до нашите луѓе да се држат настрана од Неапол доколку патуваат со своето семејство за да не им биде уништено патувањето. Сигурен сум дека тоа е организирана група, дури верувам дека бев следен од самиот влез во Помпеја и дека чекаа само да застанам, да се оддалечам од автомобилот за да ја завршат работата“, вели тој.
Според него, не го погодиле толку украдените работи, туку самиот настан и стресот што го доживеале неговото семејство и тој на едно патување кое требало да им остане драг спомен. Како што вели Милан, разочаран е од италијанските власти и полицијата.
„Не можеме да веруваме дека крадците се толку слободни во 21 век во земја членка на Европската Унија“, го завршува разговорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

