Регион
Одреден е притвор за 17 годишникот кој нацрта план за напад на училиштето во Требиње

Окружниот суд во Бања Лука му одреди едномесечен притвор на Р.Т. (17) од Билеќа, осомничен дека планирал напад на Центарот на средните училишта во Требиње, јавува АТВ.
Притвор е одредена откако судијата за претходна постапка го прифати предлогот на Републичкото јавно обвинителство и малолетникот е спроведен во КПУ Бањалука. Тој е обвинет за обид за тероризам.
Да потсетиме, малолетник во разговор во живо на социјалната мрежа „ТикТок“ покажа скица и план за напад на училиште во Требиње. На скицата тој ги навел мртвите и ранетите, како и распоредот кога ќе започне нападот, наведувајќи дека сето тоа ќе го заврши со самоубиство.
На скицата се прикажани влезовите во училиштето, дворот, ходникот, скалите и бројот на мртви во различни простории. Влезе и во вкупната пресметка во која се наведуваат 12 загинати и 23 ранети. На видеото малолетникот покажал и пиштол, за кој се покажало дека е пластичен.
Во контроверзната група присуствувале повеќе лица, а еден загрижен корисник на „ТикТок“ пријавил се во полиција, наведувајќи дека се го потсетува на масакрот што се случил во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград.
Веднаш се мобилизирани сите расположливи полициски сили, а осомничениот е лоциран и уапсен користејќи IP адреси.
Се испоставило дека станува збор за малолетник кој тврдел дека немал вистинска намера да го нападне училиштето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.