Регион
Од 1 мај можно отворање на аеродромите во Србија

Од 1 мај, во зависност од епидемиолошката состојба, владата на Србија може да донесе одлука за ублажување на мерките, односно да дозволи превоз на патници во меѓународниот воздушен сообраќај од аеродромите во Србија, пренесува „Вечерње новости“.
Услов е да бидат применети сите превентивни мерки кои се однесуваат на спречување на ширењето на заразата со Ковид-19, се наведува во изменетата уредба објавена во „Службен весник“.
Како што се прецизира, мерките со кои се осигурува безбедноста на вработените и на корисниците на услугите подразбираат задолжителна дезинфекција на сите аеродромски простории, опрема и транспортни средства, задолжителна употреба за заштитни средства, односно маски и ракавици, и задолжително мерење температура на сите патници на сите летови при пристигнување или заминување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.