Регион
Озлогласен српски бизнисмен почина од коронавирус

Драгослав Космајац (67), кој во српската јавност стана познат откако претседателот Александар Вучиќ во 2014 година го прогласи за најголем наркодилер во земјата, починал поради здравствени компликации прдизвикани од Ковид-19, јави телевизијата Н1.
Космајац бил хозипитализиран во клиниката „Драгиша Мишовиќ“ каде поради влошената здравствена состојба бил ставен на респиратор.
Космајац неколку месеци откако Вучиќ го означи како најголем дилер на дрога во земјата беше уапсн, но не поради наркотици, туку за финансиски малверзации.
Поради недостиг на докази во 2018 година тој беше ослободен.
Времето што Космајац го мина во притвор, како и судските трошоци, ги чинеле српските граѓани околу два и пол милиони динари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес.
Тие беа пренесени во Варна со воениот авион Спартан, кој првично слета во Софија, каде што пет пациенти беа сместени во болницата Пирогов.
Бугарија се обврза на лекување на 14 повредени во пожарот во Кочани.
Во пожарот што избувна во дискотека во Кочани животот го загубија 59 лица.
Регион
Авион на српската армија со 12 повредени во пожарот во Кочани пристигна во Белград

Дванаесет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани вчера вечер се пренесени од Македонија во Белград со авион CASA C-295 на српската армија, кои ќе бидат згрижени во Воената медицинска академија и во Клиничкиот центар на Србија, јави Танјуг.
Претходно, авион со четворица лекари и четворица медицински техничари полета за Македонија за медицинска евакуација на повредените во несреќата. Двајца пациенти кои претходно биле пренесени од Македонија со воени амбулантни возила се на лекување во Воената болница Ниш и Клиничкиот центар Ниш. За да им се пружи помош на повредените, планирано е двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог) и еден медицински техничар – инструмент-оператор да останат во Македонија, пренесе српски Телеграф.
Најмалку 59 лица загинаа во пожарот што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Регион
Новак Ѓоковиќ го објави македонското знаме со црна панделка

По големата трагедија се случи во Кочани, Македонија, каде што најмалку 59 лица го загубија животот по пожар во дискотека се огласи и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Тој на социјалните мрежи го објави знамето на Македонија со црна позадина, испраќајќи поддршка до семејствата на загинатите и повредените.