Регион
Османи: Очекувам наесен да бидат именувани нови градоначалници
Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека очекува наесен да бидат именувани нови градоначалници во четири општини на северот на Косово и дека најдобро би било Србите да побараат смена на градоначалниците бидејќи тоа ќе биде доказ дека навистина сакаат избори.
„Ако тие самите го побараат изборниот процес со потписи, тогаш имаме многу поголеми шанси да учествуваат во овој изборен процес поради што инсистирав да одиме со таа процедура“, рече таа, пишува „Коха“.
Османи рече дека Приштина сè уште нема добиено гаранција од Европската Унија дека Србите на север ќе учествуваат на изборите што се очекуваат по летото и изрази надеж дека ќе има промена во пристапот на земјите членки на ЕУ во однос на мерките воведени во Косово.
Се надеваме дека ЕУ ќе ги повлече мерките што неодамна беа неправедно преземени против Косово и дека можеме да продолжиме со поголем успех во дијалогот, кој ќе продолжи следната среда“, рече Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Под сомнение за планирање терористички напад уапсено е малолетно девојче од Црна Гора
Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австриските медиуми планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа.
При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум истражителите заплениле секира и нож.
Информациите за планираниот напад дојдоа од Европска безбедносна управа. На овој начин, локалните истражители од Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Штаерска им влегле во трага на првично непознатите лица.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.
Регион
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
Во Бјеловар, Хрватска во семејна куќа се пронајдени две починати и едно тешко повредено лице, кое е префрлено во болница. Најверојатно се работи за насилна смрт, а според неофицијални информации, мажот ја убил мајката на неговата жена, а се обидел да ја убие и сопругата која е тешко повредена.
Напаѓачот, според првичните инфрормации се самоубил.
Хрватската полиција засега не ги потврдува неофицијалните информации дека се работи за убиство и самоубиство.
Полицијата дојавата ја добила околу 10 часот, а на местото се врши увид.