Регион
(Видео) Партијата на Вучиќ прогласи победа на парламентарните избори во Србија
Српската народна странка пргласи пробеда на парламентарните избори, кои се одржаа во Србија. На прес-конференција Ана Брнабиќ информира дека СНС има нешто помалку од 50 отсто од гласовите.
„Според 50 проценти преброени гласови, нашата листа, ‘Србија не смее да запре’, на примерок од 50 порценти има 47,1 проценти добиени гласови. Ќе имаме повеќе од 125 мандати со Собранието. ‘Србија против насилство’ има 23 проценти од гласовите“, рече Брнабиќ.
Што се однесува на Белград, Бранбиќ реше дека првите резултати допрва почнуваат да доаѓаат.
Место во парламентот има и за Ивица Дачиќ, кој, според првичните резултати, има 6,4 проценти од гласовите.
Таа ја обвини опозицијата за кршење на изборниот молк, како и за пласирани лаги за неправилности во текот на изборниот ден.
И според резултатите што ги објави Државната изборна комисија на Србија, партијата на Вучиќ има апсолутно мнозинство на парламентарните избори и освоила 47,24 отсто од гласови врз основа на обработени 7.561 од 8.273 избирачки места.
Следува листата „Србија против насилството“, која освоила 22,86 отсто од гласовите, потоа Социјалистичката партија на Србија – 6,67, а на изборната листа „Надеж за Србија“ има 4,94 отсто. Следна листа е „Ние – гласот на народот – Бранимир Несторовиќ“ со 4,63 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Јахорина: Детето кое падна од жичарницата претрпе сериозни повреди
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше оставено да виси од жичарницата, а потоа падна на земја од висина од неколку метри.
Сето ова го забележаа скијачите кои случајно се најдоа таму.
Полициската управа Источно Сараево досега не го коментирала случајот, според медиумите во регионот.
Како што изјавија од Олимпискиот центар Јахорина, наскоро ќе биде објавено соопштение во врска со овој настан.
Регион
(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат
Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.
Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичницата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.
Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.
Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.
Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.

