Регион
Песков: Србија може сама да се справи со протестите, не е побарана помош од Русија
За тоа дали Србија побарала помош од Русија за решавање на проблемите поврзани со актуелните протести, на денешниот брифинг за медиумите зборуваше и Дмитриј Песков, прес-секретар на рускиот претседател Владимир Путин.
„Интерфакс“ пренесува дека српските власти не се обратиле до Русија во врска со протестите во земјата.
„Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно побргу“, рече Песков.
„Не, српските власти не ни се пожалија. Српското раководство е во состојба самостојно да се справи со сите проблеми“, рече тој на брифинг одговарајќи на новинарско прашање дали српските власти се обратиле до Москва за поддршка, пренесува „Данас“.
„Србија ни е драга земја. Поврзани сме со заеднички историски корени, го цениме нашето пријателство, нашата интеракција“, продолжи тој.
Додаде дека интеракцијата меѓу двете земји ќе продолжи и во иднина.
„Им посакуваме на нашите браќа од Србија што побргу да ги решат сите проблеми и да се вратат на мирен, систематски развој“, заклучи Песков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Тензично во Подгорица: приведени осум лица поради напади врз Турци
Црногорската полиција објави дека осум лица се уапсени во Подгорица за кривични дела со елементи на поттикнување национална и верска омраза и насилство.
Исто така, беше кажано дека полицијата ќе користи камери и беспилотни летала за снимање на јавни места со цел документирање кривични дела, а дека вчера во Подгорица се преземени 55 мерки против странци.
Според соопштението, полицијата го идентификувала и по наредба на државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица, го уапсила П. М. (35) од Подгорица.
Полицијата објави дека постои сомневање дека на 26 октомври, преку своите профили на социјалните мрежи „Инстаграм“ и „Фејсбук“, објавил заканувачка и навредлива порака упатена кон турските граѓани што живеат во Црна Гора, со која поттикнува омраза и нетрпеливост на национална и верска основа.
Geniş Özet: Karadağ’da “Türkü Öldür” sloganları
Karadağ’ın başkenti Podgorica’da geçtiğimiz hafta sonu yaşanan bıçaklama olayının ardından Türk vatandaşlara yönelik saldırılar gerçekleşti. 45 Türk vatandaşı gözaltına alınırken, 8 Türk vatandaşı da sınırdışı edildi. Karadağ… pic.twitter.com/9181ixW80j
— Selâmi Haktan (@slmhktn) October 28, 2025
Поради сомнение дека сториле кривично дело насилно однесување на штета на тројца турски државјани, по наредба на државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица, уапсени се Б. С. (26), Ф. Ѓ. (25) и М. П. (31) од Подгорица.
„Се сомнева дека тие физички нападнале турски државјани во населбата Забјело удирајќи ги со тупаници, со нозе и користејќи палки, а кои на овој начин добиле телесни повреди. При претресот од нивното возило се пронајдени и одземени факли и фантомки“, се вели во соопштението на Полициската управа.
Додаваат дека Т. Б. (24), Б. Б. (22) и Ф. Ј. (18) се уапсени за сторен прекршок од член 7 од Законот за јавниот ред и мир на штета на турски државјанин. Тие се осомничени дека синоќа физички нападнале турски државјанин во населбата Забјело.
Полицијата соопшти дека службеници на Секторот за гранична полиција – инспектори за странци, презеле 55 мерки против странски државјани.
„За време на активностите спроведени на територијата на Подгорица, издадени се 30 прекршочни налози, две лица се насилно отстранети, две се протерани од земјата, а на тројца странски државјани им е откажан престојот“, посочи црногорската полиција.
Пред два дена во подгоричката населба Забјело дојде до физичка пресметка пред угостителски објект, во која едно лице од Подгорица, М. Ј., беше повредено со нож. Полицијата идентификува и приведе две лица – еден турски и еден азербејџански државјанин – поврзани со случајот.
По нападот, следуваа масовни полициски контроли и приведувања – околу 45 турски и азербејџански државјани беа задржани во рамките на проверка на престој и документи, што предизвика реакции и во Турција од страна на државниот врв.
Во вечерните часови некои од граѓаните на Подгорица излегоа на улиците, при што беа забележани ксенофобични скандирања, оштетување возила и дополнителни полициски интервенции.
Регион
(Видео) Се урна дел од таван на пазар во Загреб
Дел од таванот се урна во хала на пазарот „Долац“ во Загреб. Пред влезот има редица муштерии, но на вратата е истакнат предупредувачки знак, а работниците објаснуваат дека халата денес е затворена.
Според информациите на хрватските медиуми, таванот се урнал утрово во левиот дел од пазарот, а влезот е блокиран додека не заврши поправката.
Работниците велат дека штетата треба да се санира до утре.
Регион
Курти: Единствено решение се нови избори
Косовскиот премиер Албин Курти, изјави дека нема друга опција освен одржување нови парламентарни избори, откако неговиот предлог за нова влада не го доби потребното мнозинство во парламентот.
Неговиот предлог бил поддржан од 56 пратеници, а биле потребни најмалку 61.
„Пред секој договор што ја искривува волјата на граѓаните, ние избираме избори. Земјата нема друг пат ниту начин освен нови избори“, изјави Курти.
Тој рече дека Демократскиот сојуз на Косово (ДСK) и Социјалдемократската иницијатива (НИСМА) одбиле да бидат дел од владата што тој ја предлага, и додаде дека тоа ја оневозможило и изборната соработка за изборот на нов претседател на Косово во март идната година.

