Регион
Петковиќ: Размислуваме за враќање на 1.000 наши безбедносни сили на Косово
Српскиот директор на Канцеларијата за Косово и Метохија Петар Петковиќ и’ се обрати на јавноста на вонредна прес-конференција поради полицијата во северно Косово.
„Како што предупредувавме, Курти продолжи со незаконски и насилни акции насочени кон окупација на северно Косово. Откако заплени вино и ракија и го нападна семејството Петровиќ и откако ги малтретираше нашите деца во Лепосавиќ“, рече тој.
„Околу 300, 350 полицајци, облечени во панцири и припадници на РОСУ со целосна воена опрема и оклопни возила го нападнаа северот на Косово… Потоа се разделија и ја блокираа цела Косовска Митровица, а беа стационирани во мешаните населби од северниот дел на Косовска Митровица“, рече Петковиќ.
„Ќе повторам, особено за оние од Западот, дека албанската полиција од југ изврши инвазија на северот на Косово, иако тоа е спротивно на договорот од Брисел. Сите го знаат тоа многу добро и сите се прават луди и му дозволуваат на Курти да презема такви акции.
„Сега имајќи предвид дека Курти сака да предизвика насилство и да ги протера Србите од Косово и Метохија, Белград ќе размисли за враќање на 1.000 наши безбедносни сили на Косово и Метохија според резолуцијата 1244“, рече Петковиќ на вонредната конференција.
„По оваа незаконска постапка на Курти ќе има промени за кои ќе зборува претседателот на Србија“, рече тој и додаде дека Вучиќ во наредните денови ќе има средби и за тоа ќе ја информира јавноста.
Тој потсети дека Вучиќ постојано повторувал оти нема да има нов погром или бура и дека Србија нема да дозволи нејзиниот народ да страда.
„Не сме ние тие што не сакаме нормализација на односите, но Аљбин Курти сето тоа го прави затоа што некој му дозволува“, рече Петковиќ.
„Нека внимаваат на Запад, особено оние кои се ментори на независноста на Косово, да не бидат изненадени од одлуките на Белград, бидејќи не сме ние тие што го провоциравме и го прекршивме Бриселскиот договор, туку сето тоа го прави Албин Курти и очигледно некој му дозволува“, рече Петковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

