Регион
Пет лица загинаа во поплавите на грчкиот остров Евија, меѓу нив и бебе
Пет лица, меѓу кои и бебе, загинаа, а уште едно исчезна во неделата кога поројни дождови и поплави го погодија грчкиот остров Евија оштетувајќи десетици куќи и блокирајќи патишта.
Осуммесечното бебе е пронајдено мртво, соопшти портпаролот на противпожарната служба. Родителите на детето не биле повредени.
Неколку часови порано, маж и жена, двајцата во 80-тите години, беа пронајдени во несвест од пожарникарите во две куќи. Во болницата било потврдено дека починале.


Заменик-министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, изјави дека пет лица загинале, а две се водат како исчезнати. Новинската агенција АНА подоцна објави дека хеликоптерот забележал една исчезната жена, која била исфрлена од својот дом во селото Бурци од поплави.
Две други лица, кои починале, 74-годишен маж и 73-годишна жена, исто така се од Бурци, јави агенцијата.
Премиерот Киријакос Мицотакис изрази длабока жалост и рече дека ќе го посети Евија, вториот по големина грчки остров по Крит, в понеделник.

Дождовите ги блокираа патиштата во западна Евија, а неколку туристи не можеле да го напуштат кампот на островот, јавува АНА.
„Ние доживуваме кошмар, ги користиме сите можни средства за борба против поплавите“, рече Ана Фанис Спанос, пратеник од централниот регион на Грција.
Невремето Талија во саботата погоди неколку области на копното во Грција иако времето се подобри во неделата.

Две реки ги поплавија бреговите и ги прекрија патиштата со кал, соопштија локалните власти. Приземјето на голем број куќи е поплавено.
Речиси 100 пожарникари и два хеликоптера и крајбрежната стража учествуваат во операцијата за спасување.
„Минатата година имавме пожари, оваа година поплави“, изјави жител на селото Псахна за телевизијата ЕРТ.

Поради недоволна контрола на градежништвото и планирањето, поплавените куќи се честа појава во Грција.
Во ноември 2017 година во поплавите загинаа 24 луѓе во Мандра, село во индустриски регион на 30 километри западно од Атина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Софија предупредува: Блокадата на границите со Србија и Македонија носи критични економски загуби
Економските загуби за Бугарија и соседните земји ќе бидат критични поради блокадата на границите со Србија и Северна Македонија, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт и врски Гроздан Караџов за време на денешниот „Софски економски форум“.
„Ваквите блокади водат до многу сериозни последици не само за транспортот, туку и за целата економија што зависи од снабдувањето“, рече Караџов, цитиран од БНТ. Според него, постапките на превозниците од Западен Балкан ги кршат основните европски права за слободно движење на стоки.
И покрај сериозноста на ситуацијата, министерот за транспорт појасни дека Бугарија нема овластување сама да го реши проблемот. Тој ги упати превозниците кон европските институции, бидејќи спорот е поврзан со новите правила за влез во Шенген зоната, пренесува „Факти.бг“.
„Подобро е да седнеме и да разговараме со европските институции. Ниту владата во Бугарија, ниту која било друга земја-членка немаат никаква врска со оваа одлука“, додаде Гроздан Караџов. Тој ја повика Европската комисија што поскоро да почне преговори за да се најде компромис додека не се отворат границите.
Вицепремиерот изрази сериозна загриженост дека неговите обиди да иницира „прозорци“ за премин преку граничните премини Калотина и Гујешево може да бидат неуспешни.
Во моментов, загубите за превозниците се проценуваат на десетици илјади евра дневно, а ризикот од последователни потреси врз цените на основните производи останува висок.
Регион
Црна Гора го затвори 13-то поглавје од преговорите со ЕУ
Црна Гора го затвори преговарачкото поглавје 32 – Финансиски надзор вчера, на Меѓувладината конференција меѓу Црна Гора и Европската Унија во Брисел. Ова значи дека Црна Гора го затвори 13-то од 33-те преговарачки поглавја во преговорите со Европската Унија.
Европската комесарка за проширување Марта Кос потсети дека Црна Гора затворила пет преговарачки поглавја во декември 2025 година и дека оваа серија продолжила и оваа година. Таа, исто така, истакна дека Црна Гора слави 20 години од враќањето на независноста, па затоа 2026 година нема да биде обележана само со прославата на таа годишнина, туку и со посветена работа.
Montenegro has closed another negotiating chapter.
That makes 13 in total. More than a third.
It shows Montenegro’s strong progress in the accession talks.
Now it’s crucial to keep the momentum and step up reforms. Above all on the rule of law. pic.twitter.com/HuR5R3DjBa
— Marta Kos (@MartaKosEU) January 26, 2026
„Ова е добар почеток на годината и Црна Гора е на добар пат да ги затвори сите преостанати поглавја до крајот на 2026 година“, рече Кос.
Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави дека брзината со која Црна Гора ги затвора поглавјата од преговорите е доказ дека процесот на проширување е сè уште жив. Спајиќ, исто така, верува дека Црна Гора може да ги затвори сите поглавја од преговорите до крајот на оваа година.
One step closer to the 🇪🇺 membership!
🇨🇿 congratulates Montenegro 🇲🇪 on provisionally closing Chapter 32 – Financial control – at today’s IGC in Brussels.
🇨🇿 encourages 🇲🇪 to continue its current reform dynamics and supports 🇲🇪’s ambition to conclude accession negotiations… pic.twitter.com/UMf1yCJNwn
— Czech Permanent Representation to the EU (@CZtoEU_Brussels) January 26, 2026
„Оваа Меѓувладина конференција е доказ дека нема кратенки на европскиот пат“, нагласи тој. Тој, исто така, рече дека Европската Унија, во време на неизвесност, е столб на мирот, демократијата и владеењето на правото.
„Нема поголем идеал од обединета Европа. Црна Гора со сигурност се движи кон оваа цел“, додаде Спајиќ.
Поглавје 32 – Финансиски надзор се однесува на усвојување на меѓународно прифатени стандарди во областите на јавна внатрешна финансиска контрола, надворешна ревизија и најдобри практики на Европската Унија и нивна примена во целиот јавен сектор, како и на дисциплина и транспарентност во користењето на националните и средствата на Европската Унија.
Регион
(Видео) „Европа мисли дека Америка ќе и се врати, нема, некој мора да им објасни“: Вучиќ за актуелните случувања во светот
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше за актуелните настани во светот.
– Кога имав 16, 17 години, девојка ми ме напушти, и не можев да се свестам една година, си помислував што ќе ми се случи. Па, исто е и со Европа, таа мисли дека Америка ќе ѝ се врати, дека оваа љубов е вечна. Не е“ – рече Вучиќ во видео објавено на Инстаграм и додаде:
„Тие никогаш нема да се вратат, само некој треба да им објасни и да им каже“, пренесуваат медиумите во соседството.

