Регион
Повеќе од десет земји против визна либерализација на Косово
Повеќе од десет земји членки на Европската Унија се противат на либерализацијата на визниот режим за Косово. Ова било објавено на недамнешните состаноци во Брисел, пишува приштинскиот весник „Зери“ и додава дека одлука за укинување на визите не може да се случи годинава.
Според весникот, граѓаните на Косово очекуваат дека годинава ќе биде одлучено за либерализацијата, но малку е веројатно дека тоа ќе се случи бидејќи процесот за донесување одлука внатре во Европската Унија е блокиран поради неподготвеноста на неколку земји членки.
„Зери“ потсетува дека визна либерализација најавија претседателот на Косово, Хашим Тачи, претседателот на парламентот, Кадри Весели, и премиерот Рамуш Харадинај, но ниту еден официјален претставник од ЕУ не даде такво ветување, ниту, пак, рокови кога Косово би се ослободило од визите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Два трамваи се судрија во Белград, неколку повредени
Вечерва се случи сообраќајна несреќа во Белград.
Околу 18 часот и 30 минути на аголот од булеварот „Крал Александар“ се судриле два трамваи.
Sudar dva tramvaja u Bulevaru izmedju Cvetka i Batutove, sad. pic.twitter.com/nFDoZI0N4P
— Biljana Lukić (@BiljanaLuki) January 31, 2025
На местото на настанот пристигнала брза помош, а како што е соопштено на Инстаграм страната „Ѕвездара вести“ има неколку повредени.
Сообраќајот беше во прекин во правец на центарот на Белград.
View this post on Instagram
Засега не се познати повеќе детали.
Регион
Умерено силен земјотрес во близина на Сплит
Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележа умерено силен земјотрес во Далмација во 5.02 часот.
Епицентарот бил во близина на островот Шолта, 22 километра југозападно од Сплит.
Земјотресот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот од четири до пет степени според ЕМС.
Регион
Серија земјотреси утрово ја погодија Грција, а најсилниот регистриран во близина на Закинтос
Серија земјотреси ја погодија Грција, а најсилниот од сите земјотреси беше со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, кој беше регистриран овој петок, 31 јануари 2025 година, во 8.36 часот, во областа на Јонското Море, во близина на Закинтос.
Неколку минути пред овој земјотрес Грција ја погоди послаб земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала регистриран во 8.28 часот. Пред тоа беше регистриран земјотрес со јачина од 2,1 степена според Рихтеровата скала.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географските координати на географска ширина 37.4804 и географска должина 20.606, пренесуваат медиумите во регионот.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.