Регион
Поголема група мигранти блокирана на српско-унгарската граница

Околу двесте мигранти биле запрени и блокирани вечерва на ничија земја меѓу српско-унгарската граница откако унгарската полиција поставила барикади и го блокирала нивниот премин.
Мигрантите, од кои повеќето тврдат дека се Сиријци, но и од Мароко, Ирак, Иран и Палестина, се организирале преку социјалните мрежи и од неколку прифатни центри во Србија се упатиле кон граничниот премин, но на влез во Унгарија, односно на територија на ЕУ ги пресретнал кордон на унгарската полиција, со опрема за разбивање демонстрации.
Барајќи да им се дозволи влез на територијата на Унгарија и ЕУ, мигрантите тврдат дека ќе се соберат во уште поголем број, а според нивните кажувања, уште неколку групи се движат кон границата, пренесува „Индекс.хр“.
Меѓу мигрантите има и деца кои носат транспаренти со натпис „Децата заслужуваат подобар живот“ и пораки дека избегале од војна.
Унгарската телевизија објави дека унгарските гранични власти привремено го затвориле преминот Томпа, додека, пак, српската гранична полиција одбива да ги коментира вечерашните настани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.