Регион
Пожар на Халкидик, противпожарните единици мобилизирани

Противпожарната служба била алармирана по избувнувањето пожар на Халкидик.
Во пожарот, според тамошните гласила, гори шумска површина во месноста Сивири и има голема мобилизација на Противпожарната единица.
На местото на гаснењето работат 25 пожарникари, една пешачка група, 12 возила, а вклучени се и други тела за помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Продолжен притворот за 10 осомничени за уривање на настрешницата во Србија

Високиот суд во Нови Сад го продолжи притворот на осомничените во истрагата за уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември за уште 30 дена, соопштија од Вишиот суд во Нови Сад.
Продолжен е и куќниот притвор на сите осомничени.
На крајот на минатата година беше поднесен обвинителен акт против 13 лица.
Регион
Деканката на филозофскиот факултет од Ниш нападната со нож, вечерва собир за поддршка

Вечерва во Ниш се случува собир за поддршка на нападнатата деканка Наталија Јовановиќ.
Студентите велат дека ова е втор напад врз деканката Наталија Јовановиќ, но и уште еден во низата напади врз оние кои сакаат на фер начин да дојдат до вистината.
„Никогаш не сме молчеле за насилството, ниту ќе поминеме со наведнати глави покрај него. Ги повикуваме сите граѓани кои се желни за правда да ни се придружат на овој митинг“, се вели во повикот.
Деканката на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, Наталија Јовановиќ денеска беше повредена со нож за време на собир на студенти и други граѓани.
Таа беше пренесена во Ургентниот со исеченица на раката, а потоа пуштена на домашно лекување.
„Доживеав голем стрес, останува само да се распарчиме. Нема потреба вака да продолжат тензиите, а знаеме кој ги шири, обвинувам една личност, таа ми извади нож, а тоа е претседателот на оваа држава“, изјави Јовановиќ, пренесе Н1.
За нападот уапсена е 69 годишна жена, поради сомнение дека сторила кривично дело насилничко однесување на спортски настан или јавен собир.
Регион
Осомничена за убиство на мајка си била кандидат на последните избори во Хрватска

Полицијата ја сомничи Милена Крамер (62), членка на Работничкиот фронт и поранешна членка на Социјалдемократската партија, за убиство на сопствената мајка во Загреб.
Лицето осомничено од полицијата дека во саботата ја задавила сопствената мајка во Врбани, е член на политичката партија Работнички фронт и кандидат на таа партија на последните парламентарни избори. Претходно, таа била долгогодишен член на СДП и член на претседателството на Месниот комитет во Чрномерец.
Крамер е наставничка во едно од загрепските основни училишта, а на последните избори за хрватскиот Сабор беше на 6. место на листата на Работнички фронт за избор на пратеници во 1. изборна единица, но како и целата партија не го помина изборниот праг.
„Јас сум во шок. Не ми се верува“ рече Катарина Пеовиќ, првиот човек на Работничкиот фронт.
Полицијата во саботата попладнето соопшти дека во Заагреб, 62 годишна жена ја усмртила 84 годишната мајка.