Регион
Полицаец со службено возило превезувал 30 килограми марихуана, осуден е на 5 години затвор

Пред Вишиот суд во Ужице, Б.Д. од Пријепоље, припадник на граничната полиција е осуден на пет години затвор поради тоа што кај него биле пронајдени околу 30 килограми марихуана.
.
Со истата пресуда С.Д. од Пријепоље, пријател на Б.Д. е осуден на две години и три месеци затвор, а двајцата се обвинети за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
С.Д. пред судот го признал делото, додека Б.Д. ги негирал наводите од обвинението. Двајцата беа уапсени на 27 мај пред куќата на С.Д. во село во близина на Пријепоље, во моментот кога од службено полициско возило земале 30 килограми марихуана поделена во 30 пакувања, а дрогата се обидувале да ја сокријат во подрум.
Претходно Б.Д. откако ја напуштил патролата за следење на државната граница кон Република Црна Гора и пренел торба со дрога во куќата на С.Д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролени, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.
Регион
Дел од натстрешник се урна во центарот на Белград

Во центарот на Белград, пред продавница за парфеми, се урна таванот на натстрешник, пишува „Н1 Србија“.
Ова, најверојатно, се случило во текот на ноќта, а жената што работи во продавницата за парфеми изјавила за „Н1“ дека сè било во ред во текот на денот.
Властите поставија црвена лента на која пишува „внимание, опасност“, така што на граѓаните сега им е забрането да минуваат во тој дел од улицата.
Делови од таванот се наоѓаат и на самото шеталиште, а дел од него сè уште виси.
Регион
Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција.
Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, јавуваат бугарските медиуми.
Починатите се лица на возраст од 62, 64 и 58 години, кои биле во објектот во моментот на несреќата.