Регион
Поплавите во Грција ги качија цените во Црна Гора

Туристите кои ќе изберат да летуваат во Црна Гора ќе потрошат повеќе пари на храна и пијалаци отколку минатото лето, додека цените на сместувањето, како и на лежалките и чадорите за сонце остануваат исти.
По многуте поплави што ја погодија Грција, црногорските угостители дојдоа на идеја да го искористат тоа и да заработат пари. Имено, водени од логиката дека некои туристи ќе отпатуваат во Црна Гора поради неповолните временски услови, тие одлучија да ги зголемат цените во летувалиштата.
Од соседната земја, пак, тврдат дека катастрофите во Грција немаат никаква врска со цените во Црна Гора. Петар Ивковиќ од Црногорската туристичка асоцијација вели дека причината треба да се бара во порастот на цените на горивото и на ДДВ-то, кое од 1 јануари е зголемено од 19 на 21 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.