Регион
Поради коронавирусот, Орбан доби нови големи овластувања на неограничено време
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, во понеделникот си обезбеди вонредни овластувања со неограничено времетраење бидејќи парламентот со повеќето пратеници од неговата партија го прифати т.н. короназакон, кој е критикуван од опозицијата и групите за човекови права.
Во деценијата во која е на власт Орбан постојано ги зголемува своите овластувања, а со најновиот закон собранието го потврди продолжувањето на вонредната состојба, без јасно да го наведе нејзиното траење, што ќе му овозможи на премиерот во текот на епидемијата да владее со извршни уредби, пренесува „Ројтерс“.
Законот, изгласан со 137 гласа „за“ и 53 „против“ предвидува до пет години затвор за ширење лажни вести за вирусот или владините мерки, а нејчесто цел на вакви обвинувања се денеска ретките независни медиуми во Унгарија, пренесува „Франс прес“.
Преку оправдување со епидемијата на коронавирусот, националконзервативната влада донесе закон за контрола на земјата, велат критичарите во Унгарија и во странство.
Законот е претеран одговор на кризата, смета опозицијата, а некои опозициски пратеници го нарекоа државен удар или пат до диктатура.
Независниот пратеник Акос Хадхаз го нарече нацрт-законот стапица за опозицијата која владата ја обвинува дека стои на страната на вирусот.
Девет организации за слобода на медиумите ги повикаа лидерите на ЕУ да го осудат законот, кој, како што велат, ги задушува основните права и слободите на медиумите.
„Неограничена и неконтролирана вонредна состојба не може да гарантира почитување на основните принципи на демократијата“, реагира Советот на Европа, најстарата и водечка европска организација за човекови права, предупредувајќи дека законот нема временски рок.
Но, владиниот портпарол Золтан Ковач тврди дека законот сепак е временски ограничен затоа што парламентот може да го укине како и самата пандемија за која, како што рече, искрено се надеваат дека еден ден ќе заврши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

