Регион
Поради снег десетици илјади корисници без струја во Босна и Херцеговина, екипите на терен од рано наутро

Обилните снежни врнежи кои денеска ја зафатија Босна и Херцеговина предизвикаа големи проблеми во електродистрибутивната мрежа, па десетици илјади корисници се без струја, потврдија дистрибутивните компании во Босна и Херцеговина.
Електропривреда БиХ, чие седиште е во Сараево, објасни дека во текот на утрото дури 180.000 нивни корисници останале без струја, главно во областа на округот Унско-сана, каде што наставата во сите училишта морала да биде откажана.
Иако сите расположливи екипи беа на терен од утринските часови, до 12 часот успеаја да обноват само две третини од оштетената дистрибутивна мрежа.
Најпогодени корисници беа во Бихаќ, Босанска Крупа, Чазин, Сански Мост и Велика Кладуша.
Слична беше ситуацијата и во округот Тузла, каде што поширокото подрачје Челиќ, Градачац и Грачаница остана без струја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.