Регион
Поранешен оперативец на ЦИА уапсен по црногорска потерница

Поранешниот оперативец на ЦИА, Џозеф Асад, пред три дена бил уапсен во во Абу Даби по потерница од црногорските власти.
Асад во Црна Гора го бараат под сомнение дека бил дел од логистичка мрежа која подготвувала терористички напади на денот на парламентарните избори од 16 октомври 2016 година, објави „Побједа“, цитирајќи повеќе дипломатски извори.
САД, по сознанието за апсењето на Асад, преку дипломатски врски побарале нивниот државјанин да биде ослободен од притвор и да не се екстрадира во Црна Гора.
Црногорските власти издадоа црвена потерница за Асад под сомневање дека бил член на криминалната организација која планирала да ја преземе власта во Црна Гора во октомври 2016 година.
Претходно, поранешен оперативец на ЦИА одби да сведочи повикувајќи се на Петтиот амандман на американскиот устав, кој им дозволува на американските граѓани да не даваат искази пред суд, доколку сметаат дека тоа може да им наштети во процесот. Специјалното обвинителство потоа донесе наредба за покренување истрага против Џозеф Асад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.