Регион
Поранешните министри во владата на Ципрас сметките ќе ги расчистуваат на суд?

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, денеска изјави дека ќе го тужи својот некогашен колега од владата на Ципрас, ексминистерот за одбрана Панос Каменос, бидејќи го обвинил за корупција, пишува весникот „Катимерини“.
„Обвинителот ќе се позанимава со тој господин“, изјавил Коѕијас за грчкиот News 24/7, а пренесе агенцијата „Танјуг“.
Коѕијас категорично ги отфрли обвинувањата на Каменос за нелегална соработка со американско-унгарскиот финансиер Џорџ Сорос, нарекувајќи го Каменос клеветник и лажго.
Во октомври минатата година Никос Коѕијас поднесе оставка од функцијата министер за надворешни работи. Првично, медиумите објавија дека станува збор за оставка поради несогласувања во коалициската влада во врска со Договорот од Преспа, особено на линија Коѕијас-Каменос, за потоа да се пишува дека Коѕијас поднел оставка поради неактивноста од Ципрас на обвинувањата од страна на Каменос на негова сметка како министер за надворешни работи, а во врска со злоупотреби на државните фондови.
Каменос на почетокот од годинава поднесе оставка од функцијата министер за одбрана, поради несогласувањата со премиерот во врска со Договорот од Преспа. Каменос по неговата оставка рече дека не постојат други разлики во грчката влада, освен кога станува збор за Договорот со Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.