Регион
Портпаролoт на ЕУ: Вечера во Брисел во знак на поширок политички ангажман на ЕУ и Западен Балкан
Портпаролот на ЕУ, Пeтер Стано, вели дека целта на утрешната вечера, што се организира за лидерите од Западен Балкан во Брисел, е да се започне и прошири меѓусебниот политички ангажман.
„Проширувањето е приоритет и за регионот и за ЕУ, но сега сакаме да видиме поголема слика. Целта на оваа средба е да се слушне од лидерите од Западен Балкан како тие го гледаат политичкиот контекст и ситуацијата, како и да се започне почесто ангажирање на поширока основа, а не само за прашањето за проширување“, вели Стано.
На редовната прес-конференција во Брисел Стано истакна дека намерата на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел е да ја обнови традицијата за одржување на вакви формати со партнерите од Западен Балкан.
Тој додава дека тоа е логично продолжение на стратешката дебата што министрите за надворешни работи на ЕУ ја имаа минатата недела за зголемениот ангажман на Западен Балкан.
„Очекуваме дека ваквите состаноци ќе продолжат и дека ќе донесат поширок стимул за ангажман на ЕУ со регионот“, заклучи Стано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Регион
По Црна Гора, слаб земјотрес ја погоди и Хрватска
Земјотрес со јачина од 2 степена според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 33 километри од Риека, на длабочина од 34 километри.
Предходно, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 3,6 степени. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Регион
Земјотрес во Црна Гора: се тресеше во близина на Будва
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 8.18 часот ја погоди Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Подгорица и 7 километри од Будва. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ.
Засега нема информации за материјална штета.