Регион
Потонатиот сплав во Белград бил пријавен за 220 луѓе, на него за Нова година имало најмалку двојно повеќе
Сплавот „Freestyler“ во Белград е пријавен за 220 луѓе, а на него за Нова година имало најмалку 400 луѓе. Се претпоставува дека имало 500, па можеби дури и 600, пренесува српски Курир.
Увидот, УКП и обвинителството се уште ја водат истрагата, а официјални и конечни резултати нема.
Божидар Јагодиќ, раководител на Одделението за инспекција на безбедноста на пловидбата при Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, за Курир вели дека во „Freestyler“ е дозволено да се сместат најмногу 220 лица.
„Сплавот е регистриран за најмногу 220 лица, а не знаеме колку имало на новогодишната ноќ и нема да правиме претпоставки бидејќи истрагата во соработка со УКП и обвинителството е во тек. Сè уште се утврдува колку луѓе имало, се уште собираме дополнителни информации, а во овој момент не можеме да тврдиме колку луѓе всушност имало на сплавот во моментот кога почнал да тоне“ – изјави Јагодиќ.
Тој додава дека ова и минатото лето биле во редовни контроли на „Фристајлер“.
„При тие контроли ние не сме наши недостатоци. Додуша ноќе не вршевме инспекции, туку само ја проверувавме опремата, состојбата на објектот… Можно е во случајов преголемиот број посетители да е причина за потонувањето, но не знаеме тоа официјално уште. Од искуство знаеме дека сплавот тоне затоа што е преоптоварен или товарот не е рамномерно распределен, а најчесто причината е комбинација од двата фактори – вели Јагодиќ.
Сплавот „Freestyler“ почна да тоне непосредно пред Нова година, а потоа настана хаос во објектот. Луѓето бегале како знаеле, а работите им биле оставени на сплавот бидејќи обезбедувањето не им дозволувало да го земат она што го оставиле во гардеробата.
Според огласот за дочекот на Новата 2023 година во овој клуб, цената на билетот била од 27 до 40 евра, но одела и до неверојатни 1.000 евра, колку што изнесувала доплатата за таканаречениот „штанд на фристајлер“ со 6 премиум шишиња пијалоци по сопствен избор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Изгласана новата влада на Хрватска: Пленковиќ по трет пат стана премиер
Пратениците во хрватскиот Сабор вечерва гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ. За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Претседателот и членовите на Владата потоа дадоа заклетва пред пратениците, со што Андреј Пленковиќ го започна третиот последователен мандат како премиер.
Во Собранието денеска беше претставена четиригодишната програма на новата Влада, која се заснова на „успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска“.
Во новиот мандат, владата на Пленковиќ најавува просечна нето плата од 1.600 евра, минимална бруто плата од 1.250 евра, како и отворање на 125.000 нови работни места.
До крајот на мандатот на новата влада, пензиите треба да се зголемат за најмалку 30 отсто, со што просечната пензија би изнесувала најмалку 750 евра.
Новата влада наместо досегашните 16 ќе има 18 министерства и седум потпретседатели.
Регион
Дачиќ и Весиќ: Човечки фактор е причина за судирот на возовите
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека причина за судирот на возовите во тунелот, во кој нема жртви, е човечки фактор, а министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека се повредени 13 патници, од кои четворица се однесена во ургентен центар.
– Возот помина низ безбедносното светло и удри во товарен воз кој чекаше дозвола да оди до станицата Овча – изјави Весиќ.
Дачиќ за новинарите изјави дека често има жртви во несреќи како оваа и дека е вистинска среќа што во денешниот судир нема жртви и што сите патници излегле од возот.
„Најважно е да нема жртви“, изјави Дачиќ за новинарите.
Началникот на Секторот за вонредни состојби на МВР, Лука Чаушиќ, кој излезе на местото на настанот заедно со министрите Дачиќ, Весиќ и директорката на претпријатието „Инфраструктура железнице Србија“ Јелена Танасковиќ, изјави дека во 18 часот и 42 минути добиена е дојава за судирот, по што на терен излегле вкупно 25 пожарникари.
– Пристигнувајќи на местото на настанот во 18 часот и 48 минути, констатирано е дека возот за итни случаи се судрил со патнички воз во тунелот на длабочина од 400 метри од влезот – изјави Чаушиќ.
Тој додаде дека четири лица биле извлечени низ тунелот за евакуација. Дачиќ рече дека најважна улога имаат пожарникарите, бидејќи лекарите од итната помош не можеле да дојдат до патниците.
Министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека деталите за несреќата ќе се знаат кога Комисијата „Железничка инфраструктура на Србија“ ќе објави официјален извештај, кој се очекува во текот на утрешниот ден.
Регион
Дачиќ: Припадниците на полицијата евакуираа девет лица од возовите
Веднаш по добиената дојава дека во тунел дошло до судир меѓу патнички и товарен воз, на местото на настанот пристигнале бројни полициски сили и 25 пожарникари-спасувачи со седум возила, со оглед дека екипите на итната медицинска помош нене можеле да се приближат до местото на судирот, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Пожарникарите-спасувачи успеале, како што додаде, да стигнат до местото и евакуирале девет повредени лица и ги предале на екипите на итната помош за понатамошно лекување.
„Припадниците на српската полиција се уште се на терен и ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност“, изјави Дачиќ.