Регион
Потрага по избришаните пораки: наредена е детална анализа на телефонот на мајката на исчезнатата Данка
Иако од прегледот на мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ е откриено дека бројни повици и пораки биле избришани непосредно пред исчезнувањето на девојчето, тоа не значи дека нема да се утврди со кого комуницирала, бидејќи полицијата го прегледува нејзиниот мобилен телефон детално, дознава „Блиц“.
Српскиот медиум објавува дека обвинителството наредило детален преглед на нејзиниот телефон, со оглед на тоа што мајката на Данка Илиќ била последна која контактирала со девојчето.
„Сите избришани пораки ќе бидат вратени“, вели изворот на „Блиц“.
Мајката на Данка Илиќ, Ивана, вчера повторно била сослушана во полициската станица во Бор за околностите на исчезнувањето на нејзината ќерка.
Како што се наведува, полицијата во последните 4 дена добила многу информации преку системот „Најди ме“ и секоја информација мора да се провери за да се најде Данка Илиќ.
Разговорите што мајката ги води со полицијата и прегледот на нејзиниот телефон не значат дека таа е осомничена или обвинета за нешто, туку тоа е вообичаена насока која може да доведе до целосно елиминирање на мајката од понатамошната истрага.
Две специјалистички тимови вчера темелно го пребарале просторот околу куќата пред која исчезнала Данка и откриле тунел долг 4,5 километри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

