Регион
Прашањето за името Македонија не се решава на улица, смета поглаварот на Грчката православна црква
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/ieronimos.jpg)
Поглаварот на Грчката православна црква, Јеронимос, рече дека проблемите, како што е прашањето за името со соседната држава, не се решаваат со протести.
Грчкиот архиепископ изјавил дека за разлика од протестите во Атина, одржани пред четири месеци, кои беа поддржани од страна на Грчката православна црква, неговиот сегашен став е дека толку важни прашања не се решaваат на улиците.
Наведувајќи дека положбата на Грчката православна црква е стабилна, Јеронимос рекол дека не е лесно да се даде име на една земја или, како што рекол, тоа да ѝ се позајми.
„Моите ставови се дека овие прашања не треба да бидат тема на протести затоа што се работи за одговорност преземена од страна на парламентот, а во него седат пратеници избрани од страна на народот“, изјавил Јеронимос за новинарите при посетата на еколошки центар за предучилишно образование.
Инаку, во повеќе од 20 грчки града за вечерва се најавени протести против досегашните предлози за име на Република Македонија. Протестите се закажани за 19.30 часот по локално време, а поради нив, македонското Министерство за надворешни работи ги предупреди граѓаните да избегнуваат патувања во Грција за да се избегне ескалација на ситуацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Силен земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/krit-830x0.jpg)
Земјотрес со јачина од 4,1 го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот бил на длабочина од 8 километри, додава EMSC.
Епицентарот на земјотресот бил на 64 километри југоисточно од најголемиот град на Крит, Ираклион.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.
Регион
Завршено сослушувањето на новите сведоци во истрагата за убиството на малата Данка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/devojche-1.jpg)
Денеска, заврши сослушувањето на новите сведоци во истрагата за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ кога на прашања пред Вишото јавно обвинителство во Заечар, покрај брачниот пар Трајковиќ од Бањско Поле, одговараше Далибор Јовиќ.
Пред обвинителот вкупно три часа зборуваа тројца сведоци, а цело време беа присутни осомничениот и родителите на убиеното девојче.
Имено, веднаш по излегувањето од рочиштето, Јовиќ на насобраните новинари им порача дека не смее да каже ништо за да не ја загрози истрагата.
„За целта на истрагата не смееме да кажеме што му кажавме на јавниот обвинител. Останувам на мојот исказ што го дадов во полиција“, нагласи Јовиќ пред медиумите пред зградата на Обвинителството во Заечар.
Јовиќ рече и дека првпат се среќава лице в лице со осомничените за убиството на Данка, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, но дека и претходно бил сослушан во полициска станица.
„Пред неколку месеци веќе бев сослушан во полициска станица, а сега го кажав истото како и тогаш, џогирав, но ништо конкретно не видов“, изјави овој сведок.
Покрај него, сослушана е и брачната двојка Трајковиќ, кои истакнаа дека сè уште стојат зад зборовите што ги кажале претходно кога станува збор за страшното злосторство.
Тие во еден глас, како што пренесуваат српските медиуми, кажале дека остануваат на првичните изјави – дека во тој момент биле зад куќата и дека ништо ниту виделе ниту слушнале.
Регион
Експлозија во Загреб, разбојници разнеле банкомат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/hgfh-1.jpg)
Непознати разбојници разнеле банкомат во загрепски Бузин. Полицијата го блокирала патот.
„Утрово, поминував покрај бензинската пумпа и видов дежурна полиција во близина на банкоматот. Некој го разнел во текот на ноќта“, изјавил жител на Загреб за „24 сата.хр“.
Станува збор за банкомат што се наоѓа во непосредна близина на бензинската пумпа на аголот на авенијата Вечеслава Хољевац и улицата Бани.
Полицијата веднаш излегла на терен со четири возила.
Отпадоци имало насекаде, а засега нема информации колку пари успеале да украдат.