Регион
Премиерите од Западен Балкан поканети на состанок во Виена

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, ги повикал на работен состанок во Виена премиерите на земјите од Западен Балкан. Како што пренесува агенцијата „Танјуг“, состанокот е закажан за понеделник, 19 ноември.
Според информациите, на разговорите ќе присуствуваат премиерите на Албанија, Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и претседавачот на Советот на министрите на БиХ.
На состанокот исто така траба да присуствува и европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, како и комесарката за дигитална економија и општество, Марија Габриел.
Детали за состанокот не се наведени во соопштението.
Австрискиот канцелар Курц, чија земја претседава со ЕУ, ја посети Македонија непосредно пред референдумот за договорот со Грција. Курц неодамна ги посети и Белград и Приштина, каде што повика на продолжување на дијалогот и рече дека без договор нема влез во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Ќе се сретнам двапати со Трамп во наредните денови

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека во следните три до четири дена ќе се сретне двапати со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, јавува Анадолу.
„Ќе се сретнам двапати, од различни причини, во следните четири дена. Не ми верувајте на збор, ги измешав датумите и временските зони“, рече Вучиќ за време на обиколката на работите во новата детска клиника „Тиршова 2“, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога ќе се сретне со американскиот претседател, додавајќи дека „сè ќе се случи во следните три или четири дена“.
Тој, исто така, најави дека очекува италијанската премиерка Џорџa Мелони да го посети Белград во август или септември, која ја опиша, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како една од најмоќните жени во светот.
Регион
Загина српски воен падобранец

Припадник на 63-та падобранска бригада, виш водник прва класа Милан Станковиќ, почина вечерва во Воената болница во Ниш од повредите здобиени при скок со падобран на воениот аеродром „Михајло Петровиќ“ во Ниш, соопшти Министерството за одбрана на Србија.
Во соопштението се наведува дека по приземјувањето, Станковиќ бил итно реанимиран и пренесен во болница, каде што, и покрај брзата реакција и напорите на лекарите, им подлегнал на повредите околу 19 часот.
Надлежните органи пристигнаа на местото на настанот. Истрагата е во тек. Началникот на Генералштабот на српските вооружени сили нареди формирање комисија за утврдување на околностите на вонредниот настан.
Српски Телеграф пишува дека Станковиќ е роден на 25 декември 1983 година и дека е во српската армија од 2005 година. Зад себе остави сопруга и две деца. Министерот за одбрана Братислав Гашиќ и началникот на Генералштабот на српската армија, генерал Милан Мојсиловиќ, испратија телеграми со сочувство до семејството на починатиот Станковиќ.
Регион
Не успеа ниту новиот обид за избор на претседател на косовското собрание

Собранието на Косово и енеска не го избра Аљбуљен Хаџиу за претседател на собранието.
При гласањето Хаџиу доби поддршка од 54 пратеници, 44 беа против, а три лица беа воздржани.
За него гласаа пратениците на Самоопределување, како и пратениците на малцинските заедници, освен Адем Хоџа, кој гласаше против.
На седницата не учествуваше пратеничката Дуда Баље, која досега гласаше против.
Против гласаа членовите на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината на Косово.
Претставниците на досегашната опозиција, по седницата, изјавија дека сè ова личи на театар и ја обвинија победничката партија дека намерно го спречува конституирањето на парламентот бидејќи нема гласови за формирање на новата влада на Косово.
Од друга страна, Самоопределување ги обвини пратениците на поранешната опозициска партија дека го блокираат нивниот предлог.
Продолжението на конститутивната седница на косовскиот парламент е закажано за 1 мај.